На кошаркарското дерби во Евролига меѓу Црвена звезда и Партизан, навивачите на црвено-белите иронично направија сценографија на сметка на ривалските навивачи. Имено пред извесно време во навивачките кулоари кружеа аудио пораки на кои се слушаат откриени разговори на навивач на Партизан од позната подгрупа, со навивач на Хајдук Сплит од подгрупа во Загреб во кои си разменуваат податоци, информации, детали од работата на групите и сл.