Offside

Да ги оставиме малку на страна Роналдо, Меси, како и мегаломанските фудбалски стории со милијарди. За крај на годината одиме со нешто наше, локално. Автентична селска идила со терен покрај куќи и борова шума. Фудбалот ги поврзува генерациите и создава силно чувство на заедништво.

Анхел Ди Марија Шаќири

Директните мајсторски голови од корнер, цел живот ќе не потсеќаат на наш Артим Шаќири. Без старца, нема ударца, вели Анхел Ди Марија на 37 години во дресот на Розарио. Големото лично задоволство му успеа против Бока Јуниорс. Од три агли го имате.

Деби гол на Модриќ за Милан, вреден 3 бода

Само пет дена откако славеше роденден, Лука Модриќ си го направи ќеифот и го постигна првиот гол за Милан за победа над Болоња од 1:0. Стана најстар стрелец меѓу играчите од среден ред во историјата на Серија А и петти играч со минимум 40 години.

Германија е нов европски шампион!

Светскиот шампион Германија ја обедини и европската титула откако вечерва во феноменално финале со драматична завршница ја совлада одличната Турција 88:83!

Комична сцена од англиски фудбал - гледачи паѓаат од смеење

Милвол му гостуваше на Чарлтон во малото градско дерби на Лондон. Милволци губеле 1-0 од 40' минута па имале до крајот на мечот играч повеќе. Израмниле во 88' минута. Еден нивен навивач кој седел на друга страна од гостинскиот сектор, трчал кон навивачите на Милвол, кон неговите да прослави. Тие мислеле дека ги напаѓа некој од Чарлтон па го забувтале додека редарите не го извадиле жив и здрав.

Страшна парада на Донарума, покажа зошто е број 1

Италијанскиот голман беше еден од најзаслужните што ПСЖ конечно го оствари сонот и минатата сезона ја освои Лигата на шампионите. Сега премина во Манчестер Сити а вечерва на големото дерби против вечниот градски ривал Јунајтед имаше фантастична парада. Сити води 2-0 со головите на Фил Фоден во 18-та минута и на Халанд во 53-та.

Бундеслигата доби слободен удар за најавни шпици, постигнат во 99 минута

Волфсбург и Келн приредија луда драма, која заврши 3:3 и тоа со 3 гола во судиско. 91 минута - 2:2, 99-та минута - 3:2, 104 минута - 3:3. Одиме со страшниот погодок на Максимилијан Арнолд. Не се брани ова.

Убав гол на Барди со одличен прием на топка

Енис Барди го запиша вториот погодок за Коњаспор во новата сезона на четвртиот првенствен натпревар. Капитенот на Македонија одлично се снајде во шеснаесетник и го израмни резултат против Аланијаспор на 1:1 во 51 минута. Сепак гостите во 79 минута ги поставија конечните 1:2.

19 годишен Црногорец со херојски еврогол го реши Интер во 91 минута

Дербито на Италија понуди спектакл во 3. коло од Серија А со 7 гола. Јувентус го совлада Интер со 4:3 и тоа со деби гол на Василије Аџиќ, дете родено 2006-та. Гостите имаа предност од 2:3 до 76 минута со двата прекрасни погодока на Чалханоглу и еден на Маркус Турам. Но, во 82-ра минута резултатот го израмни брат му Хефрен Турам, а потоа финишот во 91-ва минута беше лудило.

Спектакл на Грималдо со две голчишта од слободен удар

Баер Леверкузен го смени Тен Хаг и победи во 3. коло од Бундеслигата со 3:1 против Ајнтрахт Франкфурт. Дебито на новиот тренер Каспер Хјулманд го разубави Алекс Грималдо со два прекрасни гола од слободен удар, што е реткост во фудбалот.

Скандалозен коментар на Шенгун - велича масакр над Грците

Турскиот кошаркар и голема НБА ѕвезда Алперен Шенгун кој игра одлично на Европското првенство и ја одведе Турција во големото финале за првпат после цели 24 години, после историскиот натпревар со Грција објавил крајно срамен коментар на своите профили на друштвените мрежи.

Мајсторски финиш на Несторовски вреден победа за Славен Белупо

Илија Несторовски уште го има осетот за гол без разлика што не го гледаме повеќе во дресот на Македонија. Погледнете го лобов на прва на мечот против Истра за триумф на Славен Белупо од 2:1. Фантастична завршница.

Турција на спектакуларен начин ја разби Грција со Јанис

После Германија, репрезентацијата на Турција е втор финалист на Европското 2025 откако во полуфинале ја нокаутираше Грција со 26 разлика!

Не е можно да си до толку глуп

Го имаме ли врвот на сите промашувања и глупирања пред гол?

Ретро на денот

Италијанците отсекогаш правеле шоу од фудбалот по телевизии, пред, после и за време на натпревари. Налетавме на клипче со Пол Гаскоњ од времето кога играше за Лацио, кој го најавува првото издание на Газета Спорт Фудбал Италија. Времиња.

Да го опколиме тројца Меси? Џабе

Има ли друг фудбалер на планетава кој игра вака фудбал на 38 години?

Одбраната на Хаидарирад против Карачиќ во ТОП 3 на колото во ЛШ!

Еурофарм Пелистер на најдобар можен начин ја стартуваше новата авантура во елитната Лига на шампиони. Во реновираната сала „Боро Чурлески“ во Битола пред крцати трибини Пелистер славеше 25-23 против хрватскиот шампион Загреб. Јунак на победата беше Иранецот Саид Хаидарирад кој бранеше феноменално на голот и фати неколку зицери меѓу кои и оној на ветеранот Игор Карачиќ. Оваа одбрана е во топ4 на колото.

Донарума објасни зошто го одбрал број 25 и тоа англиски

Џанлуиџи Донарума во Манчестер Сити се решил за бројот 25, бидејќи на тој датум дебитирал во Серија А и плус тогаш се родендените, негов и на девојка му. Сам правеше мајтап за англискиот.

Елмас си го бара назад голот кој му е ремек дело

УЕФА го издвои голчиштето на Елмас против Лихтенштајн на социјалните мрежи, но доби и коментар од авторот на мајсторијата, која од нејасни причини му беше препишана на голманот како автогол.

Писмо на читател кој изненади со Шекуларац

Неговата независна забелешка е дека во најдобриот фудбалски тим во Македонија треба да има место за Драгослав Шекуларац, кој, запомнете е роден во Штип, а неговата мајка е Македонка.

Ламин Јамал: „Сме спиеле во кујна, штом заработив ѝ реков на мајка ми да бира куќа“

Најголемата ѕвезда на Барселона и легитимен наследник на вечниот Лионел Меси на „Камп Ноу“, младиот Ламин Јамал вели за својата мајка дека „е негова кралица и дека е она што секое дете може да посака“. Раскажал и како се чувствувал кога татко му го избоделе на улица.

За ФК Вардар и страста кон фудбалот со која живеел Скопје во 1987

За тоа колку бил силен Вардар во времето на Дарко Панчев, внимавајте на следниов податок: Во пет сезони (1983-1988), Вардар дома на 85 првенствени натпревари во времето на Југославија, имал само 5 порази. Јужна крцала, кафаните полни пред натпревар. Главна тема на муабет бил Вардар.

Голема новост од УЕФА со ново правило во Лига на шампиони

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) на неколку дена пред стартот на новата сезона во Лига на шампиони, Лига Европа и Конференциска лига, објави дека воведува ново правило кое ќе им олесни на екипите.

Вавринка на 40 години да ви покаже еден потег

Швајцарецот Станислав Вавринка, кој има освоено три Гренд слем турнири (Австралија опен 2014, Роланд Гарос 2015 и УС опен 2016), во март наполни 40 години и уште игра тенис. На АТП Челинџер во Рен се пласираше во четвртфинале. Погледнете како се забавува.

Онана по турските вилаети

Манчестер Јунајтед конечно се ратиса од голманот кој им кинеше живци на навивачите. Андре Онана отиде во Трабзонспор во Турција а таму му снимија и интересно видео по турските вилаети.