Offside

Шпанија го владее фудбалот. Само во последните четири години освои Лига на нации 2023, Олимписки игри 2024, Европско 2024 и Светско 2026. Кога овие успеси ќе се спојат со клупските, резултатот е надреален.

Голчиштето и прославата на Христов и дивјачкиот старт над Шаќири

Пријателската вечерва на Македонија, нè наврати на 2 април 1997-ма, денот кога всушност ја остваривме единствената победа против Република Ирска. На другите пет средби имаме едно реми и четири порази.

Џеко: Стадионот во Емполи не е ништо подобар од оној во Зеница

Италијанците удрија со критики за стадионот Билино Поље во Зеница. Висока трева, 'рѓосани рефлектори, дотраени трибини се само дел од насловите што можат да се прочитаат во медиумите на Апенините. Един Џеко им одговори дека тоа нема да биде ништо ново за нив.

Мотивациски клип за пулените на Гатузо

Финале на СП 2006 во Берлин. 20 години поминаа откако Италија ја победи Франција и го освои четвртиот Мундијал. Како многу поскоро да беше. Ако им треба мотивација, нека се мотивираат од бандава. Притисокот е огромен откако ги промашија последните две Светски поради Шведска и Македонија. Зеница е да се биде или не.

Изнајмувам балкон за 500 евра за мечот БиХ - Италија

„Луѓето ми нудат сè: пари, Лада Нива...дури и два тони пелети за греење. Најбизарната понуда е еден тон компири за следната зима“.

Италијански војник гледал тренинг на БиХ, Босанците се жалеле

Интересни работи се случуваат пред историскиот натпревар за пласман на Светско првенство меѓу БиХ и Италија. Италијанците се вџашени од состојбата на теренот и трибините на стариот стадион во Зеница. Един Џеко побара од своите да станат и стоечки со голем аплауз да ја испратат химната на Италија. А еден припадник на мировните сили на ЕУФОР од Италија дошол да гледа тренинг на Босна и Херцеговина во кампот во Бутмир после што фудбалскиот сојуз на БиХ се жалел.

И на овие во хокеј не им е лесно, само што почнаа одма тепачка

Натпреварот меѓу Торонто и Анахајм во НХЛ лигата започнала со тепачка на средина на теренот. На крајот Торонто Мејпл Лифс славеа 5:4 а во тепачката учествуваа крилото на домаќинот Макс Доми и дефанзивецот на Аанахајм Радко Гудас. И двајцата заедно имале дури 73 различни тепачки во кариерата. Двајцата добија суспензија од по 5 минути пред да се вратат во игра.

Чикаго Булс отпушти свој играч зошто зборувал против промоција на ЛГБТ

Трофејниот Чикаго Булс во понеделникот го отпуштил својот играч Џејден Ајви кој само што стигна во Чикаго пред крајот на рокот за трејдување во НБА. Ајви важи за мошне талентиран кошаркар, во 2022-ра беше петти пик на драфтот во НБА и извесно време беше важен играч во Детроит Пистонс.

Фудбалерите на Иран одадоа почит на 165 убиени девојчиња

На 28-ми февруари во градот Минаб во јужен Иран се случи едно од најголемите воени злосторства во историјата на човештвото откако американските вооружени сили бомбардираа училиште при што загинаа околу 180 лица од кои повеќе од 100 девојчиња на возраст од 7 до 12 години.

ФИФА даваш ли награда за прослава на сезоната?

На натпревар меѓу Барбадос и репрезентацијата на островската земја Сен Винсен и Гренадин, гостите победиле 2-3 а гостинскиот играч Азињо Соломон после погодокот имал смешна прослава - имитирал баг од некои претходни изданија на видео играта ФИФА.

Се појавува ли нов мал Јокиќ во Србија?

Дете од Аранѓеловац веќе е хит на мрежата ТикТок каде се појавија неколку видеа на кои и тоа како потсеќа на Никола Јокиќ. Ја води топката како плеј, асистира, шутира како бек, скока како центар. И што е најважно по физичка конституција потсеќа на Никола Јокиќ.

Фудбалско чудо од Швајцарија: Тун од втора лига во прва и сега е пред титула

Најголемо изненадување во европските фудбалски лиги е швајцарскиот клуб Тун кој во мај минатата 2025-та од втора лига се пласираше во Суперлига а сега е прв со дури 15 бода повеќе од второпласираниот Сент Гален после 31 коло. Главен играч им е македонскиот репрезентативен шпиц Елмин Растодер со 12 гола и 5 асистенции.

Кошаркарскиот ум на Никола Јокиќ

Со некои потези на паркетот покажува дека некогаш на Денвер Нагетс не му ни треба тренер.

Како спремни коментатори пренесуваат натпревари?

Легендарниот Клив Тајдсли (71) кој важи за еден од најодбрите англиски коментатори на сите времиња, самиот после децениска кариера и стотици преноси кажува дека ден-денес се спрема максимално сериозно пред секој натпревар. И тој и Ирецот Конор МекНамара кој коментира Премиер лига и кој си лепи налепници со занимливиости, податоци и статистики за секој играч.

Луда тројка на мартовското кошаркарско лудило во САД

Во САД трае таканареченото „мартовско лудило“ каде во универзитетската лига се разигрува за титулата. На дуелот меѓу апсолутниот фаворит Дјук Унверзитет и Конектикат, првиве воделе и 19 поени разлика во текот на средбата. На 10 секунди пред крајот Дјук имал посед и водел 2 поени разлика но ја изгубиле топката а Брејлон Малинс постигнал луда тројка за голем пресврт и победа на Конектикат кој оди на Фајнал Фор.

Фудбалска зезалица од украинско првенство

На дуел меѓу Ворскла и Верес во Украинската фудбалска лига имало смешна епизода.

Охридска атракција среде Грција

Ракометарите на Охрид го суредија Олимпијакос на гости со 31:26 во првиот четвртфинален меч од ЕХФ Купот. Последниот гол им беше за најавни шпици, со прекрасно изрежирана акција која атрактивно ја заврши Анте Иванковиќ. Реваншот во Охрид е закажан за 4 април.

Трајковски се повлече од репрезентација: Мојот труд и залагање не беа доволно вреднувани

Александар Трајковски на 33 години одлучи да оди во репрезентативна пензија. Заминува после 15 години од репрезентација со 98 настапи и 24 гола. Голот во Палермо, кој вечно ќе ги пече Италијанците ќе остане незаборавен. Си оди горд, но и разочаран. Во Данска не доби ниту минута.

Некогашниот шампион со Вардар Милосављев одбрани пет пенали на ракометно дерби во Германија

Триесет годишниот српски голман Дејан Милосављев кој во сезоната 2018/2019 беше еден од најзаслужните за втората европска шампионска титула на РК Вардаср 1961, синоќа направи шоу. На дербито во германска Бундеслига меѓу неговиот Фухсе Берлин и лидерот Магдебург Милосављев одбрани 5 пенали и тоа уште во првиот дел.

Клоп бараше селфи од Тиаго

На хуманитарен пријателски натпревар организиран од фондацијата на Ливерпул, легендите на црвените играа со легендите на Борусија Дортмунд. Натпреварот заврши 2:2 а имаше интересни моменти.

Голманска лудорија каква не се гледа често

На средбата меѓу Оукленд Рутс и Оринџ Каунти во третата фудбалска лига во САД, гостите воделе 0-1 кога во последните секунди и домашниот голман истрчал во противнички шеснаесетник за еден корнер. Ама како обично бива, ако ривалот им ја земе топката ете празен гол за нов погодок, па голманов во немоќ зема друга топка од едно дете и ја рога во терен за да ја прекине контрата.

Сабаленка го освои Мајами и влезе на легендарна листа

Најдобрата тенисерка на денешницата, сјајната Белорусинка Арина Сабаленка со 2-1 ја совлада домашната миленичка Кого Гауф (6-2, 4-6, 6-3) во финалето на мастерсот во Мајами и потврди зошто е светски рекет број 1.

Моментот кога Барди лут, ги враќа играчите на терен

Елмас, Столе, Дориев, Зајков, Чурлинов заборавија дека македонските навивачи потрошија пари, време и нерви за да ги бодрат на лице место во Копенхаген и први го напуштија теренот, без да потрошат ниту минута од своето време за нив. Капитенот капитенски реагираше и успеа да врати, барем дел од тие кои киднаа во тунелот.

Донирај дрес од Вардар и стани дел од историјата на клубот

РК Вардар почнува со интересна иницијатива. Ќе создава нова трофејна соба во реновираната сала Расадник со помош на навивачите. Во замена за дониран стар дрес ќе дава нов, како и сезонски билет и уште неколку привилегии.