Offside

Да ги оставиме малку на страна Роналдо, Меси, како и мегаломанските фудбалски стории со милијарди. За крај на годината одиме со нешто наше, локално. Автентична селска идила со терен покрај куќи и борова шума. Фудбалот ги поврзува генерациите и создава силно чувство на заедништво.

Унгарците аплаудираа во 21 минута во чест на Жота ама и поведоа

Два и кусур месеци после кобната несреќа, фудбалскиот свет не го заборава Диого Жота. Португалија синоќа и гостуваше на Унгарија во квалификациите за СП, а домашните навивачи со аплауз во 21 минута му оддадоа почит на фудбалерот кој го носеше дресот со број 21. И додека траеа аплаузите падна гол.

Роналдо и Собослаи - некогаш и сега

Дваесет и четири годишниот фудбалер на Ливерпул и најдобар унгарски фудбалер Доминик Собослаи, на времето во 2009-та година, пред 16 години бил едно од децата кое ги придружувале фудбалерите на Унгарија и Португалија за време на еден нивен дуел. Собослаи неколку пати кажал дека фудбалски идол му бил Кристијано Роналдо. Синоќа си ги поделија грбовите на своите репрезентации на дуел од квалификациите за Светско првенство.

Што проектил ќе беше ова?

Египет го совлада Тунис со 1:0 во пријателски меч од кој веројатно го имаме најлудиот гол од овој период на репрезентативен фудбал. Отпадот кој го претвори во бомба се вика Јехиа Закариа.

Блескава партија на Адетокунбо, Грција ја сруши Литванија

Кошаркарската репрезентација за првпат после 16 години се пласираше во полуфинале на Европско првенство откако во четвртфиналето убедливо ја совладаа Литванија 87:76.

Боливија се избори за бараж за Мундијал, Венецуела уште нема да види Светско

Карло Анчелоти го претрпе првиот пораз на клупата на Бразил, во последното коло од јужноамериканските квалификации за Светско првенство откако синоќа изгубија 1-0 од Боливија која се пласираше во баражот за Мундијалот.

Сте виделе до сега селектор со точак да оди во соблекувална?

Уникатна сцена во Зеница на квалификацискиот меч меѓу БиХ и Австрија кој заврши 1:2. Ралф Рангник на полувреме се качи на точак. Но имало зошто. Човекот се опоравувал од операција на ногата и уште имал проблеми со одењето.

Норвешка ја посрамоти Молдавија со 11 гола, петарда на Халанд

Историски дебакл доживеа Модавија во Осло, до сега невиден во квалификации 29 години, кога Македонија го направи истото.

Унгарците уште имаат трауми од мајсторијата на Роналдо

Португалија вечерва и гостува на Унгарија во квалификациите за СП 2026. Се памети една јака завршница на Кристијано од нивното соочување на ЕП 2016.

Кога Шпанија во Битола барала тренинг под рефлектори па им светеле со коли

Битолчани се спремаат за фудбалски спектакл на реновинариот стадион кој почнува во 18:15. Гостува Италија У-21. Еднаш им беа Шпанците со Мендиета. Циркузи било.

Како Калински и Панчев станаа коментаторско дуо?

Златко Калински и Дарко Панчев ги коментираа ЕП 2012 и СП 2014 и направија дар мар од коментатори во јавноста, па потоа ги бараа да се вратат во студио. Во подкастот Пресинг, легендарниот коментатор раскажува како се случила таа соработка со легендарниот напаѓач, за која уште се зборува. Панчев имал само еден услов.

Тумбе кафе спремен за Италијанците во ново руво

По пауза од три децении, македонската фудбалска репрезентација до 21 година ќе одигра меч во Битола и тоа против Италија во квалификациите за ЕП. Билетите се распродадени, што значи на култниот стадион кој од пред неколку години е преименуван во „Петар Милошевски“, ќе има рекордни 8.587 гледачи. Мечот стартува денеска во 18:15. Битолчани конечно добија стадион каков што заслужуваат.

Кога Романците се офарбаа сите жолти на Светско првенство

Откако забележа историска победа од 2-1 против силната Англија на Овен, Бекам, Ширер, Сол Кембел, Стив Мекманаман и другите, сјајните Романци предводени од Георге Хаџи, Попеску, Лакатуш, Адриан Илие и Мунтеану решија стие комплет да се бланшираат, да се офарбаат жолти. Така играа во следната фаза.

Волејот со кој Алиоски нокаутираше фудбалер на Лихтенштајн

Во 5-от натпревар од квалификациите за Светско првенство, Македонија славеше убедливо 5-0 против отпишаниот Лихтенштајн. Во еден момент Езѓан Алиоски распали силен волеј после корнер и го погоди ривалот Хофер директно во лице. Фудбалерот на Лихтенштајн набрзо излезе од игра на полувреме и не се врати на теренот.

Хрватите пак скандираа за убивање Срби

Хрватска ја доби Црна Гора 4-0 во натпревар од квалификациите за Светско првенство 2026 и е прва во групата. Овој натпревар повторно го одбележаа срамни скандирања од хрватските навивачи на сметка на Србите.

Сабаленка во студио го помеша Алкараз со Синер

Најголемите тениски ѕвезди на денешнциата, Карлос Алкараз и Арина Сабаленка се прошетаа до пехарите на Отвореното првенство на САД. Стигнаа прилично убедливо до финале а и таму ги растурија своите ривали. Алкараз го победи Синер убедливо со 3-0 а Белорусинката ја совлада Анисимова со 2-0 во сетови. Во студио после финалињата, Сабаленка го помешала Алкараз со Синер.

Уметнички прием на топка

Селекцијата на Мароко, која на минатиот Мундијал стигна до сензационално полуфинале, е првата африканска земја која обезбеди пласман на СП 2026. Го совладаа Нигер со 5:0. Исмаел Саибари сака да ви покаже нешто. Ова се става и не се трга од најавни шпици.

Јамал го изгубил пасошот во Турција, па праќале приватен авион

Европскиот првак Шпанија веќе има две победи од два натпревари во квалификациите за Светско првенство 2026. Шпанците ја демолираа Турција со 0-6 на гости во градот Коња, а после мечот ѕвездата на Барселона Ламин Јамал го пропуштил летот со своите соиграчи зошто го изгубил пасошот. Па реагирале сојузот и амбасадата и му средиле приватен авионски лет.

Јакиќ во стилот на Фиго

Хрватска без проблеми ја доби Црна Гора со 4:0 и со натпревар помалку е прва во својата група со 12 бода, исто колку што има Чешка. Деби гол на Кристијан Јакиќ на својот 12-ти репрезентативен настап. Фудбалерот на Аузбург измеша двајца, па го изненади голманот. Фиго знаеше вака, а еднаш и Турам има дадено ваков гол.

Шпанија ја размонтира Турција 0-6, Ламин Јамал се поигруваше

Турција пар години под водство на Винченцо Монтела важи за млада, полетна репрезентација со ѕвезди како Арда Ѓулер, Актуркоглу, Чаланоглу, Јилдиз и други. Ама сега за противник во градот Коња го имаа европскиот првак Шпанија која беше немилосрдна. Шпанците ја растурија Турција со 0-6. Два гола даде Педри, три за хет-трик даде Микел Мерино и еден Феран Торес. Ламин Јамал брилјираше.

Кромидарник на денот

Тајланд го пречека Ирак на пријателска и тешко дека пак ќе го пречека. Гостите победија 0:1 и добија два црвени картони. Вториот намерен и идиотски.

Луд натпревар во Дебрецин, Израел - Италија 4:5

Џенаро Гатузо како селектор го има веројатно најефикасниот старт во историјата на Италија, со 10 гола на првите два меча во квалификациите за СП 2026. Ја совлада Естонија 5:0, а потоа Израел со 4:5. Гол за гол се играше на моменти, како во ракомет. Израел водеше 2:1, Италија го сврте мечот на 2:4, а потоа за 2 минути во 87` и 89` на семафорот стоеше 4:4. Точка на мечот Сандро Тонали во 91-ва минута.

„Где је лопта“ со Златан

Кога сме кај мундијалските квалификации, да потсетиме колку голем и моќен мајстор беше Ибра. Се работи за квалификации за СП 2006 меѓу Шведска и Унгарија. Погледнете колку малку му требаше да ја збуни цела одбрана. Голманот појма немаше каде е топката.

Соло мајсторијата на Елмас од друг агол

Македонија го совлада убедливо Лихтенштајн со 5:0 во 5. квалификациско коло за СП 2026. Елиф Елмас го постигна еден од најјаките голови во кариерата, ако не и најјак. Четворица му стоеа на патот и ги збриша сите до еден. УЕФА слепци, на голманот Бухел му го запишаа голот како автогол, бидејќи топката удри во него па влезе во гол.

Петарда на Градски, табелата за мерак

Македонија успешно оди по новиот историски поход, кој се вика Светско првенство во САД 2026. Рутинска победа против Лихтенштајн на еден месец пред многу важното гостување против Белгија.