Мароканци предизвикале големи нереди во Амстердам, Хаг, Лондон

Очекувано после секој настап на мароканската репрезентација, без разлика дали е на Светско првенство или Куп на африкански нации, членови на мароканската дијаспора во Холандија, Белгија и Франција прават хаос по улиците.

По крајот на мечот Франција - Мароко (2:0) во Хаг, Ротердам, Амстердам имало големи нереди меѓу Мароканци и полицијата. Органите на редот уапсиле осум лица кои ќе добијат кривични пријави за напад на службени лица и оштетување јавен имот и нарушување јавен ред и мир.

Мароканци и после победата над Холандија 2-1 правеле лом во некои холандски градови каде се судрија со полицијата, а и сега било жестоко после мечот со Франција.

Нереди имало и во Париз каде биле запалени десетина приватни возила по судир меѓу Мароканци и полицијата:

„Во цела Европа буктат нереди. Да се протераат овие бунтовни Мароканци од Европа назад во африканските пустини заедно со нивните семејства. Овој вид разноликост е смртна болест и прифаќање мултикултурално насилство е предавство. Направете што и да треба за да се возобнови редот“, напишал познатиот холандски десничар и пратеник Герт Вилдерс.

Минатиот викенд кога Мароко ја совлада Канада, исто стотина марокански навивачи гаѓале народ со огномет, возеле брзо, правеле бука и се судриле со полицијата во Хаг како синоќа.

Командирот на единицата за брза интервенција во Хаг, Сандер ван дер Хиле вели дека полицајците воглавно се воздржувале да интервенираат во некои инциденти за да спречат поголемо насислство.

„Ако почнеш да применуваш сила над помали испади, ќе избие војна“, рекол тој за Де Телеграф.

Во Холандија има околу 430.000 Мароканци од прва и втора генерација.

Властите во Франција мобилизирале околу 20.000 полицајци и жандарми по целата земја од кои 8.000 во Париз. Центарот на градот бил блокиран а во прекин биле и некои метро линии, биле обезбедни излози од продавници и културни зданија. Но и покрај тоа биле уапсени 10 лица.

Во Лондон имало посериозни нереди. Во реното Еџвер-роуд познат како „Мал Каиро“, Мароканците блокирале улици, фрлале стаклени шишиња и пиротехника кон полицијата. Еден полицаец бил хоспитализиран после удар со стаклено шише во глава. Четворица биле уапсени во Лондон.

Претставник на лондонската полиција изјавил дека тие нема да толерираат слични испади и дека ги прегледуваат видео снимките.

Иако масовни нереди се очекуваа во Франција, во Париз, на крајот поголеми инциденти имало во Англија.

ВО ФРАНЦИЈА 8.000 ПОЛИЦАЈЦИ БИЛЕ НА ГОТОВС

Пред натпреварот Le Parisien објавил доверливи списи на територијалната разузнувачка служба на француското МВР. Во неа натпреварот Франција - Мароко бил прогласен за натпревар од висок ризик. Најголеми нереди Мароканците правеа ширум Франција по финалето на Купот на Африкански нации.

Според француските медиуми, синоќа 20.000 полицајци биле распоредени во повеќе градови од кои осум илјади во Париз. Таква опсада немало ниту на финалето на Лига на шампиони 2025/2026.

Каналот Herqles пишвиал дека биле засилени безбедносни мерки пред културните зданија, била ограничена работата на јавниот транспорт (затворени некои метро линии) и се набљудувало со помош на дронови.

L'Equipe соопштил дека властите го затвориле движењето за возила кај плоштадот Шарл де Гол. А во исто време било продолжено работното време на ресторани и барови до два часот после полноќ.

Илјадници навивачи, што француски, што марокански го гледале натпреварот на улиците. Мароканците за некое чудо не правеле големи нереди после поразот и Париз не личел на воена зона како што знае да личи после некои натпревари.

CNEWS соопштук дека париската полицијата уапсила 10 лица поради инциденти. Ни споредба нема после финалето на Лига на шампиони кога имаше загинати и околу 800 приведени лица.

МАРОКАНЦИТЕ ПРАВЕЛЕ ЛОМ ВО ЛОНДОН

Најголеми нереди немало во центрите на мароканската дијаспора туку во Лондон. Таму реално никој не бил спремен на такви нереди. Репрезентацијата на Англија игра четвртфинале дури за два дена.

Англиските медиуми пишуваат дека опасно било во реонот Еџвер роуд, центарот на арапската култура. Една од улиците во оваа населба се вика „Мал Каиро“ поради концентрација на ресторани со кујна од Блискиот Исток. На оваа улица Египќаните правеле хаос пред една недела по историската победа во 1/8 финале. Едно лице, 58-годишен Англичанец бил повреден тогаш и имало неколку уапсени.

Во овој реон живеат и африкански заедници меѓу нив и Мароканци. Затоа Еџвер роуд бил центар на настаните и после мечот Франција - Мароко. Мароканците затвориле улица и фрлале шишиња по полицијата.

Претставник на лондонската полиција во изјава за Мирор рекол: „Прво добивме повик за група луѓе која се собрала на улица и го стопирала сообраќајот. Потоа ситуацијата се смени откако дополнителни полициски единици беа итно упатени на местото на настанот. Вандалите се разотишле дури во 1 часот после полноќ.

10 јули 2026 - 12:19