Функционерите на ФИФА ќе ја разгледаат можноста за проширување на Светското првенство со додавање на уште 16 екипи за турнирот во 2030 година, изјави Џани Инфантино.
Претседателот на ФИФА изјави за швајцарскиот медиум „Блувин“ дека зголемувањето од 48 на 64 екипи би можело да има смисла.
„Тоа дефинитивно е прашање што ќе биде испитано и дискутирано во надлежните комитети по ова Светско првенство“, рече тој.
„Кога се организира Светско првенство, важно е да се организира за целиот свет не само за Европа и Јужна Америка. На секоја нација треба да ѝ се дозволи да сонува за учество на Светското првенство. Можете да забележите дека квалитетот на тимовите е исклучително висок и станува сè повисок низ целиот свет. Ако не им дадете шанса на помалите земји да учествуваат на СП, тие нема да имаат недостинг на мотивација да продолжат да се подобруваат.“
Мундијалите во периодот од 1998 до 2022 година имаа по 32 земји учеснички. Сегашното издание од 2026 година е прво со 48.
Аргентина, Англија, Франција и Шпанија остануваат на првенството. Два полуфинални натпревари и финалето се сè што останува од првичниот распоред од 104 натпревари во САД, Канада, Мексико.
Инфантино смета дека Мундијалот со 48 репрезентации е огромен успех.
„Секој тим играше на високо ниво. Селекции од секој континент постигнуваа голови и освоија барем еден бод. Девет од 10 африкански земји стигнаа до нокаут фазата. На последното Светско првенство беа пет. Тоа само покажува колку е важно да се вклучат сите земји да им се даде оваа можност да учествуваат.“
Турнирот во 2030 година ќе биде мултиконтинентален напор.
Првите три натпревари се закажани да се играат во Уругвај, Аргентина и Парагвај, по еден во секоја земја, а преостанатите ќе бидат во Мароко, Португалија и Шпанија.