Екстремни горештини во Мајами: дуелот Англија - Норвешка под знак прашање

Постои веројатност дуелот од четвртфинале меѓу Англија и Норвешка да биде одложен или терминот да му биде поместен поради најавите од метеоролозите за екстремни горештини во Мајами.

Натпреварот е закажан за 23 часот во сабота вечер по европско време на стадионот „Хард Рок“ во Мајами но метеролошките служби во САД издале предупредување за опасни горештини кои ќе следат на подрачјето на јужна Флорида.

Според прогнозите, температурите во сабота преку ден (натпреварот е од 17 часот по времето во Мајами) би можеле да достигнат и 43 степени што го зголемува ризикот од топлтен удар и други здравствени ризици кај играчите и навивачите.

Медиумите во САД зборуваат и за облак сахарска прашина кој стигнал над Флорида преку Атлантскиот океан. Иако голем дел од таа прашина се наоѓа на поголеми висини, таа може да предизвика алергиски реакции и да го отежни дишењето кај лица со респираторни потешкотии.

Метеоролозите најавуваат дека после сувото и врело време може да следат уште потопли и повлажни услови со можност за јаки грмежи и олуји.

Правилата на ФИФА велат дека треба да следи прекин или одложување на натпревар ако постои опасност од удари од громови во близина на стадионот.

Поради тоа постои загриженост дека натпреварот Англија - Норвешка тешко да се одигра според предвиденото и дека организаторите ќе мора да го поместат почетокот или привремено да го одложат натпреварот доколку временските услови станат екстремни.

Англичаните после големата висина во Мексико Сити (над 2.200 метри надморска висина) сега ќе се соочат со жештината во Мајами на натпреварот со Норвешка во сабота вечер во 23 часот по европско време (таму ќе биде 17 по локално време).

Селекторот Томас Тухел и Англија пред Светското првенство договориле камп базата да им биде во Вест Палм Бич, северно од Мајами. Тоа би требало да ги адаптира англиските фудбалери на горештини, на влажност и на евентуални грмотевици. Затоа и пријателската пред Светското против Костарика беше одложена поради невреме и грмотевици.

Натпреварите против Хрватска и ДР Конго во групната фаза Англичаните ги играа пред климатизирани стадиони, а во Бостон, Њу Џерси и Мексико Сити играа на дождливи услови блиски до нивната Премиер лига.

Англичаните веќе неколку недели се во базата во Канзас Сити, а експедицијата на и после тренинзи носи и големи контејнери со мраз за да се разладуваат. Тие контејнери ќе бидат донесени и во соблекувалните на стадионот „Хард Рок“ во Мајами.

Играчите носат и елеци со мраз за да ја намалат нивната температура на телата меѓу тренинзите и одморите а Тухел и стручниот штаб носат лесни блузони со долги ракави за заштита од сончевите удари.

Англичаните со себе донеле и така наречени апарати Терабади, уреди кои се користат како џојстици со цел да се ладат рацете и да се намалува температурата во целото тело. Оваа технологија била многу популарна меѓу професионалните спортисти и фудбалерите на Манчестер Јунајтед.

10 јули 2026 - 14:13