Аргентина во полуфинале после драма со Швајцарија!

Актуелниот светски шампион Аргентина тешко се избори за пласман во полуфинале откако после продолженија го скрши отпорот на тврдиот орев Швајцарија која играше повеќе од половина час со играч помалку.

Аргенинците го отворија дуелот со Швајцарија со гол уште во 10' минута на Алексис Мекалистер од Ливерпул кој најдобро се снајде при една гужва во шеснаесетникот после корнер и донесе предност.

Швајцарците како и на многу Европски и Светски првенства досега, особено оваа генерација, не се предаваше и работеа многу до голот. И сработеа: во 67' минута Дан Ндој со убав гол после мајсторска акција го израмни резултатот на 1-1.

При резултат 1-1 најдобриот центарфор на Швајцарците, Брил Емболо доби втор жолт картон и црвен поради симулирање. Ги остави своите соиграчи на цедило кои мораа со играч помалку да се борат со ривалот дури во продолженијата.

До крајот на вторите 45 минути немаше промени, истече и 90' минута и се отиде во продолженија со резултат 1-1 како и на претходната средба на Светското меѓу Англија и Норвешка.

А таму во 112' минута Хулиан Алварез со спектакуларен погодок од далечина пак донесе водство за Аргентина.

Огромното славје на трибините и во цела Аргентина го надополни и Лаутаро Мартинез со гол за крај во самиот финиш на второто продолжение за конечни 3:1 и пласман на Лео Меси и другарите во полуфинале на Светско првенство!

А таму ги чека Англија.... Во среда на 15-ти јули во Атланта од 21 часот по европско време.

12 јули 2026 - 07:46