Свечен прием на двајца светски прваци со 153 кила домати

Традицијата не се прекршува. Фабијан Руиз и Гави ги добија необичните подароци по освојувањето на светската титула. Ќе има за шопска, па и за салса.

Родниот град на двајцата шпански репрезентативци кои станаа светски шампиони, Лос Паласиос и Виљафранка во Андалузија им организираше прием, кој не го промашуваат.

Се работи за Фабијан Руиз и Гави, кои добија несекојдневни подароци по освојувањето на Светското првенство. 

Традицијата налага секој шампион да добие домати колку што е тежок, па така двете ѕвезди си заминаа дома со 153 кила домати. Руиз 84,5 кила, Гави 68,5.

И не само тоа. Стадионите во градот со 35.225 жители, каде двајцата ги почнале своите кариери прекрстени се во „Фабијан Руиз“ и „Пабло Паез Гавира Гави“.

Инаку овој обичај беше направен и пред две години кога Шпанија стана европски првак. Тогаш тројца играчи родени во истиот град добија гајби домати. Третиот беше Хезус Навас.

Ветеранот Навас и претходно мина низ оваа традиција, кога освои Светско 2010 и Европско првенство 2012. 

23 јули 2026 - 10:50