САД може да и земе на Шпанија 19 милиони долари од наградата за светски шампион

Светското првенство 2026 никако да стивне. Се уште стигнуваат вести дури и една недела после големото финале во кое Шпанија ја совлада Аргентина со 1-0 и после европската титула ја освои и светската. Сега стигнува информација дека САД би можеле на име на даноци да и земат на Шпанија дури 19 милиони долари од рекордната сума која ФИФА ја дава за светски првак.

На прв поглед случајот со шпанските репрезентативци спаѓа во категоријата „приход остварен од активности спроведени во САД“ според американските даночни закони. Тие не се даночни резиденти на САД а примиле голема парична награда (51 милион долари за сите играчи, тренери, селектор, стручен штаб, делегација).

Таквиот приход обично подлегнува на сојузен данок од дури 30%. Важно е да се напомене дека американските даночни власти досега не им блокирале никакви средства на Шпанците ниту пак е јасно дали тоа воопшто ќе го сторат.

Оваа вест предизвикала негодување и во Соединетите Американски Држави каде имало критики од двете најголеми партии. Републиканскиот конгресмен Тим Берчет изјавил: „Сметам дека тоа е грабеж! Сакаме да ги мотивираме луѓето да дојдат овде и да ги трошат своите пари а сепак им земаме огромен дел од тие пари. Потребен ни е подобар даночен систем.

Уште еден конгресмен, од Демократската партија, Џонатан Џексон се сложува со тоа: „Тоа не е во ред и укажува на многу посериозен проблем. Корпорациите би требало да плаќаат данок наместо што користат законски дупки. Од друга страна, работниците не би требало да одвојуваат 30% од своите приходи“.

ФИФА БИЛА МИНИМАЛНО ОДДАНОЧЕНА НА СВЕТСКОТО ЗА РАЗЛИКА ОД ИГРАЧИТЕ

Најголема корист од Светското првенство имала ФИФА која воопшто не плаќала даноци. А за конкретни играчи ситуацијата била посложена.

На пример даночни олеснувања кои ФИФА ги обезбедила за себе и за националните федерации како организации не се однесуваат на лични приходи на поединци: играчи, тренери, судии и членови на делегациите кои оствариле приходи за време на престојот во САД.

Како општо правило на исплати на странски лица кои немаат статус на резидент за применува сојузниот данок на додадток остварен „за услуги пружени во САД“ по стапка од 30% на бруто приход. Ова даночно оптеретување може да биде зголемени со дополнителен државен данок (на пример во Калифорнија вкупната стапка може да достигне до 41%).

Притоа меѓу САД и Шпанија важи согласност за избегнување на двојно одданочување, но тоа важи само за приход до 10.000 долари кој во целост е ослободен од данок. Шпанските играчи, селектор и тренери и цела делегација сигурно ќе добијат многу повеќе од тоа.

Дополнителен инструмент: странски спортист може однапред да се договори со американските даночни органи, одбитокот од данок да се примени на нето приходот: пресметан да биде со примена на прогресивна скала и одбивање на документирани трошоци наместо на бруто приход.

Меѓутоа секој играч морал да поднесе барање и тоа најдоцна 45 дена пред својот прв натпревар во САД. Ова прашање не може да се реши ретроактивно.

НА ПРЕТХОДНОТО СВЕТСКО ПРВЕНСТВО НЕ БИЛО ТАКА

Ова е уште еден фактор кој ова Светско првенство 2026 го издвојува од другите. На претходните четири Мундијало: во Јужна Африка, Бразил, Русија и Катар играчите не плаќале данок.

ФИФА обезбедувала исклучоци не само за себе туку и за сите учесници. Нема само САД да добијат даночни приходи затоа што Светското се организираше уште и во Мексико и Канда. Нивните даночни управи постигнале договор со американските колеги за распределба на приходите врз основ на бројот на натпревари одиграни во секоја од овие земји.

Исто така важно е да се напомене дека играчите плаќаат данок врз основа на статусот даночен резидент а не врз основа на државјанство. На пример Родри е даночен резидент на Англија зошто игра за Манчестер Сити така што договорот меѓу САД и Шпанија не важи за него. И така работите стануваат уште посложени.

27 јули 2026 - 10:29