Најстариот фудбалер на светот даде гол после 4 години

Официјално најстариот регистриран фудбалер, Јапонецот Казујоши Миура го постигна првиот погодок после цели четири години. Миура даде гол на свои 59 во трета јапонска лига за Фукушима Јунајтед во триумфот 7-0 над Иваки Фурукава во Купот на Императорот во Јапонија. „Кралот Казу“ постигнал гол во 52' минута од средбата.

27 јули 2026 - 13:36