Еквадорецот Ричард Карапас е победник на „кралската“ 20-та етапа на Тур де Франс, возена од Бур д’Оасан до Алп д’Ез во должина од 171 километар, додека Словенецот Тадеј Погачар речиси ја обезбеди својата петта титула на најголемата велосипедска трка во светот.
Доколку Словечецот избегне пад што ќе ја заврши трката на последната етапа во недела до Париз, тој ќе стане најуспешниот возач во историјата на Турот, заедно со уште четворица.
Погачар ја заврши тринеделната етапа на Гранд Тур на четвртото место откако му помогна на својот 22-годишен мексикански колега Исак дел Торо привремено да го запечати третото место на генералниот подиум и белата маичка во пласманот за млади возачи.
Двајцата ја поминаа целта заедно прегрнати откако Погачар го водеше Дел Торо на последното искачување.
„Се потрудив да му помогнам на Исак. Огромна почит за она што сите момци го правеа во изминатите три недели. Ја ценам работата на соиграчите, но сега е како на друго ниво. Беше морничаво додека заедно ја преминувавме целта. Беше фантастично и за спомени“, изјави Погачар.
Традиционално, во последната етапа, велосипедистите се борат за целта на познатата калдрма на Шанзелизе, која е намалена од 132,5 на само 89 километри.
Погачар има голема предност од 6:26 минути пред второпласираниот Евенепул во генералниот пласман и 9:42 минути пред третопласираниот Дел Торо.