Бразилски фудбалер казнет додека не се опорави играчот кој тешко го повредил

Необична вест доаѓа од бразилскиот фудбал. Стоперот на Интернасионал Виктор Габриел поради душмански злосторнички старт врз Габриел Пек од Крузеиро е казнет додека овој не се опорави во целост. Пек доживеал скршеница на ногата па го очекува речиси најмалку 10 месеци закрепнување.

Апсолутно оправданата казна ја донел Бразилскиот Спортски суд, највисоко независно тело за спортска дисциплина. Судот не нашол доволно висока и строга казна во постоечките казни за црвен картон и тешки фаули. Страшната повреда скршеница на левата тибија Пек ја доживеал на 22 јули на првенствен дуел меѓу Интернасионал и Крузеиро.

За малерот да биде уште поголем, Габриел Пек е најголемо засилување на Крузеиро летово и платен е рекордни 12 милиони долари. Дојде од ЛА Галакси од МЛС лигата во САД и во матичниот клуб на легендарниот Роналдо го сметале за најголемо засилување за сезонава.

„Со ноќи не спиев и се молев за него, им се извинувам од срце на сите во Крузеиро“, рекол на Спортскиот суд Виктор Кабриел.

 

29 јули 2026 - 10:24