Offside

Ракометарите на Вардар со пораз ја стартуваа новата сезона во Лига на шампони. Актуелниот првак во Лига Европа славеше дома со 33:31. 

Затоа е светски првак Унаи Симон

Барселона го совлада Атлетик Билбао со 2:0, а Унаи Симон беше прогласен за играч на мечот и покрај примените голови. Веќе има примено 5 сезонава по 2 кола во Ла Лига, колку што не прими на цело Светско. Но, погледнете го ова во дуел со Јамал. Врвна парада.

Јап Стам е горд на видеово

Милан Шкрињар со интервенција во одбрана, еднаква на гол со ножички во напад.

Фудбалерите на Сабах живи радосни за ждребот во ЛШ

Азербејџанското чудо по име Сабах кое постои само 9 години ги дозна противниците во ЛШ. Ќе има можност и чест да се соочи со клубови како Барселона, Борусија Дортмунд, Наполи, Славија Прага, Арсенал, Манчестер Јунајтед, Виљареал и Викинг. Погледнете им ја реакцијата кога им се падна тимот од Олд Трафорд.

И Реал Мадрид направи шпалир за својот светски шампион

Иако на списокот шпански репрезентативци за првпат во историјата немаше ниту еден фудбалер од Реал Мадрид, сепак левиот бек Марк Кукуреља летово за време на Мундијалот потпиша со „кралскиот клуб“ и од Челси се сели во Реал. Во Шпанија на секој стадион каде има некој играч кој го освои Светското првенство 2026 му прават шпалир и тој на отворена сцена излегува со златниот пехар.

Интересни факти за новите учесници во Лига на шампиони

Веќе се познати сите екипи кои ќе играат во новата сезона од Лига на шампиони 2026/2027. 36 тима од кои некои ќе бидат дебитанти и за првпат ќе играат во најдобро друштво.

Само за тебе Јаја

На Јаја Туре му тргна супер новата кариера. Минатиот месец го назначија за тренер на Слован Братислава и тоа е негов прв тренерски ангажман, после неколкуте позиции како помошник. На 10 меча нема ниту еден пораз. Од нив 6 му се во ЛШ каде елиминираше три екипи и се пласираше во групна фаза. 

Сол на рана

Рапид Виена и шкотски Хартс одиграа луд двомеч во Конференциска лига со дури 8 гола. Првата средба во Шкотска заврши 2-2, а синоќа и реваншот во Виена заврши 2-2 откако два гола паднаа во продолженија. На пенали славеа гостите 4-3. Го пецнаа големиот и лут ривал Селтик кој само ден претходно исто во плејоф во Австрија испушти водство од 4-0, прими 5 гола од ЛАСК и испадна од Лига на шампиони.

Брат му на Белингем сака да ви каже нешто за прваците во ЛШ

Џоб Белингем од Борусија Дортмунд е печен за на квиз на тема фудбал. Доби задача да ги наброи сите освојувачи во Лига на шампиони уште од формирањето. Следете го. Само за една година се збуни и веднаш се поправи.

Гендузи: 60.000 луѓе ми го навредуваат семејството, а судијата не реагира

Матео Гендузи на големо ја славеше елиминацијата на Лион во ЛШ со својот Фенербахче, клубот кој важи за најголем ривал на неговиот поранешен клуб Олимпик Марсеј. Потоа провоцираше со што го навлече гневот на домашните навивачи за на крај мечот да кулминира со тепачка. Но и тој има свои замерки.

Неверојатната атмосфера на АЕК - Левски во Атина

АЕК Атина на својот нов стадион „Света Софија“ или „Олвин Арена“, ултра модерно здание отворено свечено во 2022-ра година, синоќа со 4-0 го победи Левски Софија и се пласираше во Лига на шампиони. Преку 40.000 навивачи направија КОП од цел стадион.

Ниту еден Македонец во ЛШ, Серафимов испадна убедливо

Како ретко кога, во Лига на шампиони сезонава ќе нема македонски фудбалери. Последниот кој имаше шанса за пласман во групна фаза беше Никола Серафимов. Но, Левски беше убедливо поразен од АЕК Атина со 4:0, а мечот во Софија заврши без голови. Домаќините уште во 7 минута ја најавија голеадата преку Лука Јовиќ.

Норвешка со 2 екипи во Лига на шампиони покажа како се работи

Норвешка која важи за земја во која скијачките, зимските спортови се број 1, му покажа на континентот како е кога се работи вредно, чесно и на прав начин. Бодо Глимт и Викинг ќе играат во Лига на шампиони, Норвешка првпат со два клуба во ЛШ во ХХI век.

Цвета норвешкиот фудбал, во ЛШ ќе игра Викинг, во ЛЕ Динамо Загреб

По ремито 2:2 во Загреб, фудбалерите Викинг го добија Динамо со 3:1 и после пауза од 34 години ќе играат во Лигата на шампионите. Норвешкиот фудбал бележи голем пораст. Стигнаа до четвртфинале на Мундијалот, а оваа сезона за прв пат после 1999-та ќе имаат два претставника во елитата.

Летаа боксови во Лион, Гендузи провоцираше па се степа со навивач

Фенербахче го доби Лион на гости со 1:2 и по 18 години се враќа во групната фаза од ЛШ. Мечот го одбележаа низа инциденти, а во главна улога беше, Матео Гендузи, кој ги распали навивачите на Лион.

Прекрасни акции на Реал, хет-трик на Мбапе

Реал Мадрид го растури Реал Сосиедад со 4:1 и стигна до 2 од 2 во Ла Лига. Жозе Мурињо треба да биде презадоволен од играта која ја одиграа неговите пулени, барем што се однесува до акциите за головите. Сè е тука изработено фудбалски и убаво за око.

Атракција од автогол на Виетнам

И за автогол треба да си талент. Погледнете како му легна на царов на мечот Виетнам - Тајланд.

Чави како чоколадо

Холандски новинар, малку како паднат од Марс, побара од новиот селектор на Холандија да каже како точно се изговара неговото име и презиме. Мислиш Кварацхелија се презива или Кваљарела. Чави Ернандез му објасни на симпатичен начин.

Од учесник во квизот „Кој сака да биде милионер“, до пласман во Лига на шампиони

Приказната за тренерот на Сабах, кој ќе дебитира во ЛШ со чудесија од пресврт е уникатна. Никогаш претходно не сме пишувале за вакво слично тренерско патување.

Што открива Новак Ѓоковиќ во новиот документарец?

Новак Ѓоковиќ сакал да сними документарец за себе од 2017-та, уште пред да стане најголем и пред да ги прати во пензија сите свои најголеми ривали. Тој и неговата екипа долго не можеле да најдат кому да го доверат проектот се додека во 2020-та Новак не го изгледал врвниот документарец „Последниот танц“ за Мајкл Џордан и славниот Чикаго Булс.

Енфилд помести се

Има стадиони на кои кога се пее домашната химна секој гледач па и они неутралните, ги лазат морници. Право ежење е кога ќе се слушне грмотевицата, посебно на „Олимпико“ кога Рома игра пред 60.000 гледачи во Рим.

По некој сепаратистички свиреж во шумата аплаузи за светските шампиони од Билбао

Шпанија востанови убава пракса која премина во традиција: после секој голем успех на репрезентацијата, секој фудбалер со шпалир да биде свечено пречекан пред сите играчи, пред своите навивачи, на свој стадион. Така со пехарот за светски шампион беа пречекани четворица фудбалери на Атлетико Мадрид, а сега и на Атлетик Билбао пред натпреварот со Севиља.

Факти си се факти

„Не можат да ми го оспорат тоа што сум го дал за Македонија“, вели селекторот на Македонија, Кире Лазаров во интервју за Балкан хендбол.

Фиренца не памети ваква прослава

Легендарниот клуб Фиорентина од Фиренца на 26-ти август слави 100 години од основање. Виолетовата гордост на градот е основана во 1926-та година а по повод големиот и златен јубилеј илјадници жители на овој град и навивачи на „Виола“ излезгле на градските улици и плоштади.

Сега може да се каже дека сме виделе сè

За време на дуелот Сан Хозе - Минесота во МЛС лигата во САД во еден момент имало „натрапник“ на теренот. Најслаткиот „натрапник“ кој некогаш упаднал и прекинал натпревар.