Македонија ја немаше на Светско. Пречка во бараж полуфиналето беше Данска. Но, Македонија сепак имаше свој претставник таму. Тоа е Мијалче Дургутов. 10 од 10 има.
Дечки, Панини манијата е почната. Само пред да почнете, проверете си ги амбициите, односно џебот. Бидејќи со парите од еден пополнет албум, на одмор може да се оди. До 1.000 евра стигнува крајниот есап.
Српскиот стручњак на клупата на ГРК Охрид Борис Ројевиќ прави фантастични резултати, во согласност со целите на клубот и составот кој го има на располагање. Вели дека му е право уживање во Охрид да работи и да живее, дека луѓето го застануваат на улица да им дадат поддршка и да помуабетат. „Охриѓани се многу добронамерни“.
Шахтјор Доњецк го доби украинското дерби против Динамо Киев со пресврт од 1:2, а потегот на мечот го направи Матвиј Пономаренко, кој го отвори резултатот за домаќините на спектакуларен начин, со бомба од пола терен.
Раното испаѓање на Никола Јокиќ и Денвер Нагетс и пласманот на ЛА Лејкерс без Дончиќ и делумно без Остин Ривс во следна рунда се главни настани во првата рунда од трката за титула во НБА лигата.
Лион го совлада Рен со 4:2. Гостите го отворија резултатот во 6 минута со волеј удар од косо, кој многу ретко се гледа во фудбалот. Мајсторот се вика Муса Тамари и би рекле дека оваа мајсторија е и појака од онаа на Тоти против Сампдорија.
Високиот центарфор на Јорк Јунајтед од канадската Премиер лига, Чехот Томаш Скублак постигна гол во триумфот од 4-1 над Отава а прославата му е штосна: извади од шорцеви визит карта зошто надвор од фудбалските терени работел како агент за недвижнини.
Реал Мадрид го доби Еспањол на гости со 0:2 и само го одложи славјето на Барселона која води со +11 на 4 кола до крај. Губеле, не губеле титула, Винисиус држи лекции со двојно проигрување на различни начини.
Првенство на Танзанија, 22. коло. Екипите на Симба против Јанг Африканс. На крај резултатот 2-2, а домашниот фудбалер Папе Осман Сако го постигна најуавиот гол на сезоната таму во Танзанија а и пошироко.
Големиот талент и англиски репрезентативец Коби Мејну го прослави новиот договор со Манчестер Јунајтед со прекрасен гол за победа 3-2 против Ливерпул. Дербито им припадна на домаќините кои прво водеа 2-0, па Ливерпул израмни 2-2 за да Мејну постигне гол кој го распали „Олд Трафорд“ и практично на Јунајтед му обезбеди место во Лига на шампиони следна сезона.
Интер и официјално на три кола до крај математички ја обезбеди шампионската титула. Со триумфот над Парма од 2:0, сега се на недостижни +12 пред Наполи кој ремизираше против Комо. Кристијан Киву, кој е трикратен првак со Интер како играч, слави титула во деби сезоната на кормилото. Славјето традиционално се случуваше на Пјаца Дуомо.
Неверојатни сцени доаѓаат од соседна Бугарија каде Левски Софија ја прекина хегемонијата на Лудогорец кој освои 14 шампионски титули по ред. Левскарите стигнаа до пехарот благодарение на победата над ЦСКА 1948 1-0 со гол на Хрватот Марко Дуганџиќ кој влезе во игра во 60' минута а само 11 минути подоцна го постигна најважниот гол на сезоната.
Автентично и изворно, околу 2.000 гледачи во салата „Билјанини извори“ пред почетокот на реваншот РК Охрид - Целје во полуфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ, ја згрмеа легендарната песна „Лихнида кајче веслаше“. „Рибарите“ се пласираа во големото финале после драматична пенал серија со словенечки Целје.
Ракометарите на Охрид го остварија најголемиот успех во клупската историја откако се пласираа во големото финале на Европскиот Куп. На реваншот одигран во преполната сала „Билјанини извори“, Охриѓани го совладаа словенечки Целје на пенали 4-3 откако во основниот дел резултатот беше 25-24.
Новиот привремен, в.д. тренер Барнли се вика Мајкл Џексон и тоа предизвика доста духовити коментари во Англија. Синоќа Лидс Јунајтед со 3-1 го победи Барнли, избега дефинитивно од опасната зона за опстанок и мирно плови до крајот на сезоната во Премиер лига. После мечот на „Еланд Роуд“ на разглас ја пуштија „Смут криминал“ од Мајкл Џексон.
Во 37. коло од италијанската Серија Б, Венеција на една рунда пред крајот осигура место назад во елитната Серија А со ремито 2-2 против Специја. Со овој освоен бод Венеција остана прва со 79 бода односно бод повеќе од Фрозиноне кој е втор и четири повеќе од Монца со што и математички обезбеди Серија А за следната сезона. Клубот од 2027 ќе игра на нов и модерен стадион кој се гради.
Кошаркарите на ЛА Лејкерс неочекувано лесно го елиминираа Хјустон Рокетс од доигрувањето за титулата. Синоќа ветеранот Леброн Џејмс одново покажа дека е еден од најдобрите НБА кошаркари во историјата на лигата. Лејкерс победи 98-78.
На Гери Невил му приредија големо изненадување. Во април 2005-та добил црвен картон на Гудисон Парк, поради тоа што рогнал топка кон навивач, откако овој прв го удрил. 21 година подоцна, навивачот му го носат во подкаст.
Прв човек во НБА историјата со 23 сезони: Кливленд (11), Мајами (4 ), Лејкерс (8 сезони). Прв кој стигна до 40.000 поени, а во моментов има 43.440. Со сè плејоф тоа се преку 51.000. Плус освои 4 титули. Доста е со броење. Погледнете го клипов. Едноставно Леброн.
Лестер Бо Мекејлеб беше една од најсилните карики во блескавата Македонија на незаборавното Европско 2011 каде завршивме четврти. Ама за да го направат репрезентативец имало страшна трка со времето. Врба Стефанов фаќал врски, а за вадење на пасошот помогнала министерката Јанкуловска која прашала дали е добар? :). Целата сага ја раскажува тогашниот директор на КФМ, Илија Мерџановски.
Познатиот 40-годишен француско-швајцарски возач во ИМСА натпреварувањето, Ромен Грожјан за време на тренингот на патеката во Индијанаполис, удрил птица во лет. После тоа направил неумесен обид за хумор и сега е на удар на критики.
Ден-денес навивачите на Барселона ја сметаат оваа селидба од нивниот во дресот на Реал Мадрид како најголемо предавство во клупската историја. А не е дека немало и други од еден во друг правец. Ама со Фиго тоа беше светски потрес.
Да, насловот ве зачуди, признајте, ама само сме иронични. Диего Симеоне да ти имал империја на недвижности која вклучува 180 станови и 7 згради. Нема потреба друже и кај нас, терај си фудбалот.