Класата на Буфон на тема најдобар голман на сите времиња

Тешка тема е ова на толку голмански легенди кои произлегоа во фудбалот, но за Џиџи нема дилеми околу првите три места.

Foto: instagram.com/footballcomglobal

Џиџи Буфон е поим за голман кој се заборави на терен до 45 години. Многумина го сметаа за GOAT. Но, тој има поинакво мислење.

„Им се заблагодарувам на луѓето кои ме сметаат за најдобар голман на сите времиња, но тоа не е така. Така ме сметаат затоа што траев долго време. 

Но, за мене, најдобриот голман на сите времиња доаѓа од Шпанија и тоа е Икер Касиљас, кој играше за најголемиот клуб во Европа и освои сè, и во клубот и со својата репрезентација.

Неговиот учинок покажува дека е над сите и дека е вистински лидер.

Не сум освоил сè во фудбалот и мислам дека треба да ме сметаат за број 3 или 4 бидејќи број 2 е Мануел Нојер. Тој исто така освои сè на клупско ниво, како и едно Светско првенство.

Затоа мислам дека сум број 3, но тоа е само мое мислење.“

Буфон се повлече од фудбалот со преку 1.100 настапи, како рекордер во Серија А и националниот тим. Од 28 сезони, 17 му се во Јуве. Има 29 клупски трофеи, како и Светско со Италија.

Касиљас траеше 21 сезона во кои освои 20 клупски трофеи. И тој има освоено Светско, но она што го разлика од Џиџи се трите трофеи во ЛШ со Реал и двете европски со Шпанија.

Мануел Ноер стана рекордер меѓу Германците со 36 трофеи. Има освоено и Светско и Лига на шампиони, но му фали Европско.

25 август 2026 - 14:41