На 20-ти август излезе новиот документарец „Новак Ѓоковиќ - волк во зима“. Режисер на филмот е истиот кој го режирал и „Последниот танц“ за Џордан, некогашниот спортски новинар Џејсон Хеир.
Хеир раскажал дека со снимање почнале од УС Опен 2024, турнир кој требал да биде центар на филмот. Но после подвизите тоа лето, брзото враќање по операцијата на коленото, финалето на Вимблдон и олимпиското злато, Новак Ѓоковиќ дошол исцрпен во Њујорк и таму го претрпе најраниот пораз за 18 години учества на тој Гренд Слем.

После тоа Ѓоковиќ еден месец не се слушнал со Хеир и проектот не се развивал само благодарение на спокојот на филмските продуценти од Амазон.
На крајот од таа 2024-та Ѓоковиќ го назначи за тренер својот некогашен ривал Енди Мареј и тоа стана ново сиже на филмот. Снимањата продолжиле и на првиот заеднички Гренд Слем на Новак и Мареј, на Отвореното првенство на Австралија кога со Мареј зборувале околу 1 час во интервју.
Но соработката набрзо завршила, па така Мареј во филмот речиси и да не се појавува освен еднаш на среден план.
Јир вели дека после тој прв месец снимање Ѓоковиќ активно учестувал во работата над филмот, присуствуал на сите средби и собири и секогаш имал „куќа идеи“, поставувал многу прашања и давал свое мислење.

Иако неговиот збор не бил последен, сепак имал големо влијание во монтажата.
На крајот се добил 92-минутен документарец „Новак Ѓоковиќ - волк во зимата“ но работата на овој проект му одзела повеќе време на режисерот Џејсон Хејр од „Последниот танц“ за Џордан кој траеше 10 часа во повеќе епизоди.
Интересно е да се види 4-годишниот Ѓоковиќ на неговиот втор или трет тренинг во животот како малечок, уште пред да се сретне со неговата „тениска мајка“ Јелена Генчиќ.

Од еден од неговите раскази во документарецот за ноќните бомбардирања на НАТО врз Белград во пролетта 1999 навистина се леди крв во жилите. Се зборува и за скандалот со депортацијата на Новак Ѓоковиќ од Австралија во 2022-ра кој се разгорел откако го игнорирал советот од жена му Јелена да не ја провоцира публиката со објави на Инстаграм.
На крајот критичарите велат дека од филм за личност од таков калибар, од проект на кој се работело три години а чија идеја настанала уште пред девет години - се очекувало повеќе.
Иако „Волкот“ навистина се обидува да се позанимава со клучните аспекти - на пример самиот Новак Ѓоковиќ го објаснува историскиот студен прием кај публиката во однос на неговото експресивно однесување на теренот.

Најпроницливото видување во филмот доаѓа од Андре Агаси кој му беше тренер на Ѓоковиќ кон крајот на 2010-те:
„Тој сака да биде добар. Сака да се грижи. Сака да биде отворен. Сака да прифаќа. Но не може да победи кога ќе му дозволи на срцето да тргне во таа насока. Ме изненади колку длабоко во темнината мораше да заплови за да го достигне својот врв. За да си ја врши работата, на Новак му беа потребни страв или гнев. Бидејќи со љубов или благодарност ги губеше забите“.