Челси и Фулам одиграа фантастичен натпревар во 1. коло од новата сезона во Премиер лигата. Гостите од „Стемфорд Бриџ“ славеа 2-3 а првиот погодок на „Крејвен Котиџ“ после само 31 секунда го даде напаѓачот Жоао Педро. 24-годишниот Бразилец кој дојде лани од Брајтон за 60 милиони евра, стана рекорден стрелец во 1. коло од Премиер лига. Никој никогаш не дал толку брзо гол на отворање на сезона.