Командант Погачар сопре етепа на Вуелта поради страшно невреме

Третата етапа на Вуелта 2026 беше прекината поради страшно невреме. Откако почна силен град да удира на 20-ина километри пред целта, на планинската класификација на Кол де Мон Луј трката беше прекината. Етапата нема да се смета во генерален пласман.

Велосипедистите кои веќе беа вон пелотонот почнаа да се кријат крај патот, а додека трката уште траеше на чело на пелотонот Тадеј Погачар одмавнуваше со раце и со глава и сигналиизираше да успорат и да ја прекинат трката.

Немаше подиум ни церемонија. Без етапна класификација конечниот пласман на вториот ден од Вуелта 2026 останува почетната позиција за 4. етапа. Тадеј Погачар и натмау води во генералниот пласман, девет секунди пред Вут ван Арт (Тим Визма). Словенецот е лидер а Кун Боуман (Тим Џејко Алула) го носи дресот за најдобар на ридски преоди. Метју Бренан од Тим Визма е најдобар млад возач за сега.

Во вторник се вози четвртата етапа околу Андора која е долга 104,8 километри но ќе биде екстремно тешка затоа што велосипедистите ќе мора да се искачат на 2.890 метри надморска висина.

27-годишниот Словенец претходно победи на отворањето на Вуелта на хронометарот кој се возеше во Монако. Тадеј Погачар ќе се обиде да ја заокружи колекцијата победи на сите три трки сезонава а ова му беше 10. јубилејна победа во кронометар во кариерата. Вкупно има 128 победи.

Втор зад него на првата етапа заврши Британецот Итан Хејтер кој доцнеше само десет стотинки, а трет заврши неговиот сонародник од Велика Британија Џошуа Тарлинг.

 

25 август 2026 - 09:54