Offside

И покрај тешката повреда и долгата рехабилитација, поранешниот македонски репрезентативец, Дарко Соколов, со цело срце прави кам бек на паркетот. Потпишува за нов клуб, вкупни 14-ти во кариерата.

91-годишен аргентински новинар го покрива 18-то Светско првенство

Легендарниот аргентински коментатор Енрике Макаја Маркез е светски рекордер по бројот на коментирани натпревари од Светски првенства. Макаја сега го пренесува 18-от Мундијал во својата богата кариера. Тој ја памети славната шампионска титула со Марадона и онаа последната во 2022-ра со Лионел Меси. Од Аргентина добил плакета и признание за неверојатниот подвиг а многу големи ѕвезди се фотографираат со легендарниот Макаја.

Форите на Меси од слободен

Најдобриот фудбалер на сите времиња според многумина, во моментов е најдобар стрелец на Светското првенство. Има 6 гола и успешно го води светскиот шампион Аргентина. Имаше и еден прекрасен гол од слободен удар ама едно видео покажува како Лео знае да си најде агол и да украде по некој метар.

Легендарната реклама со Карлос и Јапонија

Вечерва од 19 часот се игра првото големо дерби на Светското првенство 2026. Бразил и Јапонија ќе се борат за пласман во следната рунда. А тоа е прилика да се потсетиме на една култна реклама со легендарниот Роберто Карлос.

Германски навивачи со навредлива порака до Инфантино

Германците вечерва од 22:30 во Бостон играат против Парагвај во нокаут фаза, во 1/16 финале. Неколку илјади германски навивачи допатувале во градот на Селтикс и таму запеале: „Инфантино е к**вин син!“.

Како се гледа Светско кога ќе удри со 7,5 според Рихтер?

Бројот на жртви во Венецуела од серијата земјотреси стигна до 1.400, а околу 50.000 луѓе се водат како исчезначи. Погледнете како се гледа таму Мундијал.

Реакцијата на Лионел за мајсторијата на Лионел

Сака да каже: Тоа е најнормален и очекуван слободен удар на Меси. Знаев дека ќе ја даде.

Кога ќе ти стигне нотификација дека водиш против Германија

Се обиде, ама не издржа навивачов на Еквадор на голот за 2:1. Тоа е.

Анри ја објаснува зоната 14 каде Меси кампира

„Ако знаеш како да се снајдеш во оваа зона и ако ја разбираш играта, можеш да постигнуваш многу голови“, објаснува легендарниот француски напаѓач кој е ангажиран како стручен аналитичар на Светското.

Кога хрватски навивач сфатил дека е во геј клуб

Соединетите Американски Држави се шоу сами по себе, а камоли кога има Светско првенство. Клубовите, диската, пабовите и кафулињата се полни, шарени, королитни. Се точи пиво и се ужива. Ама еден Хрват ја утнал локацијата па кога сфатил....

Отиде телефонот додека правеше бранови

Познатите мексикански бранови кои навивачите ги прават уште од Светското 1986 година, се неизоставен дел и од овој Мундијал. Синоќа на дуелот Канада - Јужна Африка (1-0 со гол во 90+2' минута) преку 60.000 гледачи правеа бранови. Ама на една жена ѝ преседнаа. Го изгуби мобилниот на долната трибина.

Најголемо навивачко шоу - Аргентинец изгубил новчаник па го најдоа со песна

Аргентинските навивачи уживаат во САД летово. Светскиот првак игра маестрално по нотите на капитенот Лео Меси кој е прв стрелец на Мундијалот со дури 6 гола. На навивачите им останува само забава. И ја прават. Еден од нив изгубил новчаник па најдоа начин како да го пронајдат.

Крај на една ера - На Јокиќ му заминува Мареј, ама му доаѓа пеколен играч

Никола Јокиќ и следната сезона ќе игра за Денвер Нагетс но се очекува тандемот со него повеќе да не го сочинува Џамал Мареј, туку во Колорадо да пристигне друга ѕверка.

Селекторот на Кореја отпуштен откако претседателот критикувал и барал отчет

Јужна Кореја одлично го почна Светското првенство со победа 2-1 против Чешка, играа солидно но на следните два натпревари доживеаа два порази од Мексико и Јужна Африка па испаднаа рано и мораа да си одат дома. Целата нација била шокирана од ваквиот развој, па се огласил претседателот на земјата.

Најдолгиот одбојкарски сет во историјата во режија на Полска и Аргентина

Лигата на нации го донесе најдолгиот сет во историјата на репрезентативната одбојка, откако Аргентина и Полска си разменуваа топки сè до неверојатен резултат од 50:48. А внимавајте на ова, домаќинот Полска имал 14 сет топки. Погледнете како заврши. Репортер ќе настрадаше.

Фејк се, ама локум се

Па добро и со ВИ треба да те бива да знаеш како да ги подесеш :).

Канада е прв осминафиналист, мечот го реши во 92 минута

Репрезентацијата на Канада е првиот патник во осминафиналето на СП 2026, за нив прво во третото учество после 1986 и 2022. Селекцијата која е еден од домаќините на овој Мундијал ја доби Јужна Африка со голот на Стивен Јустакио во 92-ра минута. Го чека победникот од дуелот Холандија - Канада.

Кој со кого во нокаут фаза? Мега судир Модриќ - Роналдо

Летнаа 17 дена од Светското или вкупно 72 натпревари од групната фаза. Голем успех за Конго, БиХ и Зеленортските Острови кои за прв пат се радуваат на мундијалска нокаут фаза, последниве како дебитанти. Уругвај и Турција разочaраа.

Узбекистан се одјави со прекрасен гол на Шомуродов, Конго слави

Конго, кој го игра второто Светско првенство, ја запиша првата победа која им носи голема вредност, а тоа е пласман во нокаут фаза за прв пат. Беа подобри од Узбекистан со 3:1. Колумбија заврши прва после ремито 0:0 со Португалија.

Ивана од Битола да си ја повтори „Македонско девојче“ во Филаделфија

Конечно се најде по нешто македонско на Мундијалов. Работи како келнерка во Филаделфија, а навива за Хрватска. 

Си одигравте нерешено колку што ви требаше а? И тоа 3:3

Селекциите на Австрија и Алжир си ја завршија работата онака како што веројатно се претпоставуваше и очекуваше. Првото сценарио со реми им носеше сигурен пласман и на двете, а со второто кој ќе загубеше ќе ја избегше Шпанија, ама не можеше да биде 100% сигурен дека ќе помине. Се случи првото сценарио. На Шпанија налета Австрија како втора.

Слободниот удар на Меси се вика интелигенција

Три од три за Аргентина, три од три за Лео Меси кој Мундијалот ни го прави спектакл. Три комада против Алжир, два против Австрија и еден против Јордан, кој е уживање да се гледа од повеќе агли. Од слободен стрелаше и Ло Селсо. Лаутаро Мартинез погоди од пенал.

Мајсторија на Сучиќ од 25 метри, Хрватска ја доби Гана и заврши втора

Англија и Хрватска ги оправдаа очекувањата во групата Л. Англичаните ја добија Панама и останаа први. Хрватска беше подобра и Гана, која куртули и ќе игра нокаут фаза како трета.

Кога Зеленортските Острови одат понатаму, а ти со светски првак си одиш дома

Уругвај одигра очаен Мундијал: 1:1 против Саудиска Арабија, 2:2 против Зеленортските Острови и пораз од Шпанија 0:1. Да видиме како е расположен селекторот Марсело Биелса.