Ѕверев одигра одлично финале, а и покрај силниот отпор на Шелтон и огромната поддршка од домашната публика, успеа да го задржи натпреварот под контрола.
По години исполнети со разочарувања, тешки повреди и загубени финалиња, Зверев во 2026 година конечно покажа дека е зрел за најголемите дострели.
Пред само три месеци го освои Роналд Гарос, потоа играше финале на Вимблдон против Синер, а сега стигна до пехарот на УС опен, за втора Гренд слем титула сезонава, а воедно и во кариерата.
Сезонава бележи неверојатен биланс од 25 победи и само 2 порази на Грен слем турнирите.
„Чекавме 30 години за Грен слем титула, а сега освоивме две во рок од три месеци. Мислам дека Бог виде колку напорно работевме, колку страдавме и низ каква болка поминавме. Оваа 2026 година е резултат на сите тие години наназад“, изјави Ѕверев
Тој стана и првиот Германец што го освоил престижниот турнир во Њујорк по легендарниот Борис Бекер во 1989 година.
Американецот Шелтон за првпат во кариерата играше во финале на Гренд слем турнир, откако на патот до мечот за титулата оствари големи победи.
Не ни знаеше дека е шампион откако го освои последниот поен.