Џанлуиџи Донарума и жена му биле нападнати со нож и ограбени во европската метропола Париз

Најдобриот италијански голман и европски шампион од 2021-ва, Џиџо Донарума заедно со неговата тогашна девојка а сега сопруга Алесиа Елефанте која тогаш била бремена, биле жртви на насилен напад и грабеж уште додека играл за ПСЖ.

Деталите од грабежот во 2023-та година излегле на површина сега на дводневното сослушување на Кривичниот суд во Париз. Одбраната на Донарума соопштила дека тој бил удрен во лице со боксувач и му се заканувале со нож.

За време на грабежот нему и на неговата сопруга им биле украдени скапоцени предмети, накит и чанти како и кеш и клучево од Мерцедес и Ламборгини кои биле украдени исто од светски познатиот голман во време кога бранеше за ПСЖ.

Сопругата на Донарума, а тогашна девојка, 29-годишната Алесиа Елефанте открила дека неа и се заканувале да го даде кодот од сефот но и дека таа не го знаела и дека сефот бил празен во моментот.

„Збеснаа и мислеа дека ги лажам. Ме влечеа за коса и еден од нив ме удри во колкот. Им реков дека сум бремена но тие продолжија“, рекла Елефанте кај истражителите.

Според наодите на полицијата, четворицата крадци влегле во станот така што со високи скали се качиле на кровот, се симнале на балконот а потоа провалиле низ прозорите.

Полицијата верува дека грабежот бил организиран од затвор од Иљас Кербух и Киан Мамуни, но обајцата ги негирале наодите.

Кербух кој избегал од затвор рано годинава, пред да биде фатен после 13 дена, им се заканувал на полицајците на почетокот на судењето кога тие му наредиле на брат му да го напушти судот.

Двајца од крадците кои се на суд биле малолетни, под 18 години за време на грабежот и добиле затворски казни на детски суд од три и четири години. Друг осомничен се самоубил во затвор во 2024-та, тој признал дека бил дел од големиот грабеж но дека бил под притисок од другите.

Моктар Диоп признал дека бил инволвиран но тој не е обвинет по ниту едно дело.

Судењето продолжува.

11 септември 2026 - 11:17