Мексиканец крена 511 кила и постави нов светски рекорд!

Мексиканецот Раул Флорес постави нов светски рекорд во кревање тегови откако кренал тежина од 511 килограм. Претходниот рекорд од кренати 510 килограми го држеше актерот Хафтор Бјернесон кој го играше ликот „Планината“ во популарната серија „Игра на престоли“.

Флорес рекордот го посветил на неговото починато куче по име Тајсон во чија чест го преименил и својот профил на друштвените мрежи.

„Денес не смо што си го исполнив сонот. Денес го исполнив ветувањето. Пред неколку години кога моето куче Тајсон почина, му ветув дека еднаш неговото име ќе стане познато во целиот свет... Денес на сцената на Giants Live Strongman кренав 511 килограми кои официјално ме направија најсилен човек на светот во кревање тежина, така што сфатив дека ова е повеќе од кревање тегови. Јас исполнив ветување. Тајсон веќе не е со нас, но неговото име сега е познато на сите“, рекол 26-годишниот Флорес од Мексико.

11 септември 2026 - 12:54