33-годишниот Флориан Товен, крилен напаѓач кој пред 10-15 години беше еден од најголемите таленти во Франција, сега е веќе фудбалски ветеран.
На врвот од кариерата играше во Марсеј па потоа се проба и во Премиер лига каде настапуваше за Марсеј. Едно време играше дури и во мексикански Тигрес каде се спои со легендарниот Андре-Пјер Жињак. Потпиша договор и со Удинезе а минатата година се врати во татковината и го внесе Ленс во Лига на шампиони.
Иако станува збор за голем голгетер, ова беше само втор гол во кариерата во еврокупови за Флориан Товен. А од првиот до сега поминале точно 4.691 ден или 13 години!
Тогаш Французинот постигна гол против Наполи.
Синоќа Флориан Товен постигна гол на асистенција на 16-годишниот фудбалер Мезиан Маслуб кој влезе од клупата за резерви. Товен израмни на 2-2 а само неколку секунди подоцна исто 33-годишниот Агилар ги постави конечните 2:3 за прва гостинска победа на Ленс во Лига на шампиони после цели 28 години.
А рекордот од еден до друг гол во Лига на шампиони го држи Марко Арнаутовиќ. Од гол за Вердер Бремен против Интер во 2010-та па до гол против Бенфика во 2023-та Марко чекал на погодок во Лига на шампиони цели 4.740 дена!