Елена Рибакина во голем стил го освои УС Опен, победа над Сабаленка во финале

Елена Рибакина славеше двоен триумф на Отвореното првенство на САД. Прво откако се пласираше во полуфинале го презеде тронот во женскиот тенис и ја симна Арина Сабаленка од првото место после повеќе од 90 недели. После ја победи и во големото финале, во три сета: 6:4, 5:7, 6:2.

Ова е трета Гренд слем титула за Елена Рибакина во кариерата, а прва на Флешинг Медоуз во Њујорк. Во реприза на овогодинешното финале на Отвореното првенство на Австралија таа пак ја победи Сабаленка.

Рибакина е родена во Москва, играше под руско знаме а од пред неколку години доби казахстанско државјанство и настапува за оваа земја.

Со овој триумф Рибакина ја прекина импресивната низа на Сабаленка во Њујорк. Белорусинката во финалето влезе како двократна шампионка на УС Опен со серија од дури 19 победи по ред.

Елена Рибакина во 2022-ра го освои и Вимблдон, годинава и Отвореното првенство на Австралија, па сега после Гренд Слемот во Њујорк и фали уште титула на Ролан Гарос за да го комплетира кариерниот Гренд Слем.

 

13 септември 2026 - 12:54