Најемотивен говор на сезоната - дијабетичарот Зверев го посвети триумфот на мајка му

Конечно после речиси две децении професионален тенис, Александар Зверев игра сезона од соништата. Тој е рекордер во светскиот тенис по загубени финалиња на големите турнири но во 2026-та стигна до пехар на Ролан Гарос а сега и на УС Опен. Вели дека Бог ги погледнал колку многу напорно работеле. Се заблагодари и посебно на најсканата личност.

„Сакам да се заблагодарам и на една личност која речиси никогаш не ги гледа моите натпревари, но е најважна личност во мојот тениски живот и во животот општо.

Кога на твојот 4-годишен син ќе му дијганостицираат дијабетес а докторите во ординација ќе ти кажат дека животот и спортот ќе биде многу многу ограничен за тоа дете, треба да си многу многу силна мајка да излезеш од таа ординација и да кажеш 'Син ми ќе биде тоа што сака да биде!'

Ако сака да биде тенисер, ќе биде тенисер. Ако сака да прави нешто друго, ќе прави нешто друго. Но оваа болест нема да ни одредува“. Мајка ми е најважната и најсилната личност што ја знам.

Треба да си неверојатно силна жена да го сториш тоа што таа го направи“, рече Зверев во емотивно обраќање пред повеќе од 25.000 гледачи по финалето на УС Опен.

Со 29 години и 132 дена Зверев стана вториот највозрасен тенисер кој освоил титула на Отвореното првенство на САД. Највозрасен кој славел на Флешинг Медоус и натаму е Стан Вавринка кој освои пехар на УС Опен со 31 година и 154 дена во 2016-та.

„Сакам да му се заблагодарам на мојот тим. 30 години поминавме без да освоиме Гренд Слем титула а сега освоивме две во само три месеци. Мислам дека Бог виде колку напорно работевме, колку страдавме, низ колку болка поминавме. Мислам дека 2026-та го надмина сето она што со години претходно што се случуваше“, заклучи новиот шампион на УС Опен.

14 септември 2026 - 09:40