Offside

Под мотото „Спортот како национален идентитет и визија за иднината“, денеска во Скопје беше отворен Регионалниот спортски самит „Скопје 2025“, што се одржува под покровителство на Министерството за спорт на Република Македонија.

Кинескиот Јокиќ го знаете ли?

Се вика Јанг Хансен. Роден е на 26-ти јуни 2005-та година во градот Зибо во провинцијата Жандонг во Кина. Тој беше избран на овогодинешниот драфт во првата рунда, како 15-ти пик од страна на Мемфис Гризлис но набрзо го пратија во Портланд Трејлблејзерс. Тој е деветтиот пик во НБА кој доаѓа од Кина. Игра центар. Висок е 2,16 а тежок 113. Поради некои потези го викаат кинескиот Јокиќ.

Кукоч еднаш пиел со Родман и никогаш повеќе

Булси од 90-те е тема која не умира. Не спиевме за тие легенди предводени од Џордан, а потоа и репризите ги гледавме. Сешто ќе чуе човек за нив, посебно кога во прашање е Денис Родман.

Се согласувате дека ова е поенот број 1 на Вимблдон, така?

Го испративме Вимблдон 2025-та кој за прв пат го освои Синер. Следниот Гренд слем е УС опен кој стартува на 24 август и кој ќе го брани исто така Синер. А сега одиме со поенот над поените, за кој би рекле дека е му нема рамен до сега оваа година. Ѓоковиќ - Кецмановиќ, 3. коло.

Нејмар со син му, 1 на 1

Бразилецот ужива откако е вратен во родниот Бразил. Опкружен со другари, роднини, фамилија, соиграчи во Сантос, тој од ден на ден се забавува со топката.

75 години од најтешкиот пораз на Бразил

Бразилците имаат два историски најболни порази. Во 2014-та година претрпеа невозможен срам откако Германија на нивен терен на Светско првенство ги ишамара со 1-7. А во 1950-та година, на денешен ден пред 75 години Бразил во финале на Светско првенство, на свој терен, на „Маракана“ пред околу 200.000 гледачи изгубил 1-2 од Уругвај. Цела нација била во тага а овој пораз познат како „Мараканаѕо“ е никогаш непреболен во Бразил.

Сите тренери во Серија А во новата сезона

Изминативе пар месеци во најдобрата италијанска лига се случија многу тренерски смени. Во новата сезона со нови тренери ќе влезат Рома, Фиорентина, Лацио, Милан, Јувентус, Аталанта, Интер и други. Ваква тренерска вртелешка не е запаметена во калчото.

Кога на Марадона му се пуштија сурија играчи на Милан

Пазете ја сценава. Диего во напад се обидува да протне топка со лоб преку одбраната на Милан. Петмина го заобиколија. Барези, Малдини, Тасоти, Анчелоти...Џабе ви е дечки.

Бразил vs Барселона, 1999-та

Барселона го кани Бразил на пријателска за прославата 100 години од постоењето на клубот. Завршува 2:2 со головите на Луис Енрике и Коку за Барса и Роналдо и Ривалдо за Бразил. Какви ликови се ова. Да можеме би го вратиле времето.

Скапа фотографија на денот

Не скапа, многу скапа фотографија на денот. Да не треба помош? Ај за секој случај, за оние кои се родени на пример во 2006-та, година во која двајца од сликава станаа светски прваци.

Леброн откри кои играчи најмногу го мотивирале

Во подкастот „Мајнд Д Гејм“ („Mind The Game“) чии водители и домаќини се едни од најголемите кошаркари на сите времиња Леброн Џејмс и Стив Неш, им гостуваше Лука Дончиќ. Леброн откри кои кошаркари најмногу го инспирирале и мотивирале. „Никој не ме инспирираше повеќе од Мајкл Џордан. Нашите стилови на игра се совршено различни, зошто тој беше пред сè страшен реализатор. Џордан погодуваше и погодуваше и погодуваше....

Летечко забивање на мечот Македонија - Швајцарија

Заврши Светското, заврши и Вимблдон. Двата спортски спектакли кои ни ги држеа во форма прстите летово на тастатура. Но, не мора сцената да е многу голема за човек да ужива на некој натпревар. Погледнете ги што прават децава. Македонија против Швајцарија на Европското во Б дивизија за играчи до 20 години. За глава се држеа неговите.

Суспендиран англиски фудбалер: Уплатил 6.397 тикети, се кладел и од клупа за резерви

Сигурно никогаш не сте слушнале за Рајан Боумен, 33-годишен англиски фудбалер кој цела своја кариера ја поминал во пониските лиги на англискиот фудбал, а најголем дел од кариерата играл за Шрузбери и Челтнем во трета и четврта дивизија.

Модриќ покажа интересна фотографија од детството

Хрватската легенда ги мина лекарските прегледи и го облече дресот со број 14 на 7 кратниот европски првак. Милан го пушти првото видео со него. На Лука му се исполнил детскиот сон.

Топ 8 збогувања на летото

Четири клубови се збогуваа со своите икони ова лето, а пак други четворица исто така славни имиња, завршија со своите кариери. Де Брујн и Модриќ продолжија во Серија А, а Милер и Варди сè уште немаат клубови. Фотографијава е преполна со емоции.

Зидан го погоди песна

Скоро и да нема трофеј кој Зинедин Зидан не го освои во играчката и тренерска кариера. Веќе подолго време ужива во слободните денови, далеку од напорниот фудбалски календар.

Човечноста на Дарвин Нуњез

Трите дена на 26 годишниот напаѓач на Ливерпул и селекцијата на Уругвај.

Кампацо на баскет ко Џордан

Аргентинскиот волшебник на еден ревијален натпревар во една населба во Барселона покажал нешто од својата раскошна магија.

Лекција број 1 од Тони Крос за син му

Млад отиде во пензија, трофеен до даска, задоволен, опарен. Време има на претек. Па да се почне од основните фудбалски вештини кои ќе му бидат потребни на син му, ако реши да се занимава со фудбал. За тоа се потребни топки и корпа.

Еволуцијата на Синер кој стана совршен тенисер

Од Лондон, потекнува последната пресвртница на патувањето што го започна пред три години. Сè е смртоносно оружје во него. Играта, физичката спремност, психата.

Со ваков гол да го распалиш Монументал на Ривер

На почеток на сезоната во аргентинската Примера Дивизион, во 1. коло Ривер Плејт со 3-1 го совлада Платенсе. Отвори Факундо Колидио со прекрасно голчиште во 7' минута кога „Монументал“ падна во делириум.

Модриќ со насмевка се појави во Милано

Расположен и елегантен, најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид е веќе дел од Серија А и тимот на Милан.