Првиот натпревар од двете меѓусебни средби се игра (или треба да се игра) вечерва на 27-ми септември од 20:45 часот на неутрален терен во Унгарија. А вториот дуел е закажан за 4-ти октомври исто во Унгарија.
Некои ирски репрезентативци првично одбиле да играат против Израел зошто сметаат дека е репрезентација чија држава е одговорна за геноцид. Во репрезентацијата на Ирска отворено се спремал бунт.
Најгласен бил селекторот на Ирска, Исланѓанецот Хеимир Хадлгримсон кој уште при објавување на составот на репрезентацијата рекол: „Ние не играме заедно со геноцид, ние играме против геноцид“.

Израелската фудбалска федерација му одговорила жестоко: „Ние сме дале огромен придонес во развојот на човештвото во многу области, притоа освојувајќи импресивен број Нобелови награди. За жал, уште не сме нашле лек за глупост, не знаење и лицемерието кое ги го покажува селекторот на репрезентацијата на Ирска. Не играме против не знаење, лицемерје и глупост, туку против тренерот кои ги претставува“.
Потоа селекторот на Ирска Хадлгримсон рекол дека сака да се посвети само на фудбалот.
„Тоа што го кажав минатата недела го одвлече вниманието од можеби најважниот натпревар, од претстојниот дуел со Косово. Можно е од моја страна да не беше баш најпаметно да привлечам на себе внимание со тоа. Треба да се посветиме на мечот“, рекол Хадлгримсон.
Ирска изгуби од Косово* 1-0 во Приштина.
Премиерот на Ирска Михол Мартин ја искористил изјавата на селекоторт на неговата репрезентација за време на настапот во ООН и се обратил на Израел: „Нашиот селектор го зборува она што и ние: Израел не може да негира нешто што знае и сфаќа цел свет“.

Огромен дел од ирската јавност била Ирска да не игра против Израел. Повеќе од 160 спортисти потпишале петиција до Ирската фудбалска репрезентација.
Фудбалерот од одбрана Џејсон Најт рекол дека внатре во репрезентацијата биле близу до бојкот на дуелот со Израел но дека „цртата не била премината“.
„Овој натпревар не треба да се одржи но ќе се одржи. Ние веќе детално разговаравме за ова и како тим ги изнесовме своите ставови и продолжуваме понатаму“.
Капитенот пак на селекцијата, Дара О'Ши рекол дека фудбалерите се должни да играат. „За нас таа одлука ја донесоа Фудбалската асоцијација н Ирска, УЕФА и владата. Ова не е наша одлука. Ние ирските репрезентативци и кога не викаат, доаѓаме да ја претставуваме земјата и тоа е важно да се разбере“.
Но не се сите согласни со капитенот. Голманот Гевин Базун имал истомисленици во репрезентацијата откако побарал да не се игра дуелот со Израел.
„Јас донесов одлука која не беше лесно да се донесе. Јас сум длабоко верник и со сите свои сили се трудам да бидам принципиелен и сметак дека би било неправилно да се учествува во следниот натпревар против Израел.
Мојата одлука е заснована исклучиво на моето лично убедување, дека да се убиваат невини луѓе не е нормално. Важно е да се напомене дека мојата позиција не е против израелскиот народ или еврејската заедница туку против ѕверствата во регионот. Во животот често ретко се дава шанса да се заштити помалиот и јас цврсто верувам дека ова е еден од тие случаи“, рекол голманот Базун кој беше резерва на последниот дуел на Ирска.
Но на крајот сите други прифатиле да играат вечерва во Унгарија. Ирците ќе носат црн флор на своите дресови во знак на сеќавање жрвите од војната а приходите од следниот натпревар против Австрија во Даблин ќе ги донирале во хуманитарни цели.
„Никому не му е комфорно да ги игра овие натпревари од разни причини. Ние се трудиме да се справиме со оваа ситуација како е можно подобро“, рекол селекторот на Ирска.
После го ублажил својот наратив. На прашање на израелските новинари дали жали што го нарекол Израел „геноцидна држава“, тој рекол „Тоа е тежок збор и не требаше да го употребам. Во Европа постои огромна поддршка за Палестина при што најголемата е во Ирска. Јас чувствував како притисокот расте од ден на ден и сега го достигна врвот. Со учество на овој натпревар ние не го одобруваме тоа што се случува во Газа. Играчите не го поддржуваат тоа“.
Ирска ја осудува политиката на Израел. Во 2024-та година Ирска ја призна Палестина како независна држава и се присоедини кон петицијата против Израел во Меѓународниот суд. Поради тоа Израел ја затворил амбасадата во Ирска. Ирците најактивно од сите во Европа ги критикуваат дејствијата на Израел во однос на Палестинците. Во одговор министерот за одбрана на Израел, Исраел Кац ја повикал Ирска да ги прими палестинските бегалци кај себе.
Ирска дури и барала од УЕФА да ги раздвои од Израел во разни групи иако меѓу овие две земји никогаш немало директен воен суди. Ирците барале да бидат раздвоени како Ерменија со Азербејцан, Белорусија со Украина и други.