Санти Казорла во јако ултрас издание за клубот од детството
Овиедо викендов имаше дерби битка против Спортинг Хихон во втора лига која ја доби со 2:0. Се работи за клубот каде легендарниот Санти Казорла се калеше во 1996-та и во кој направи кам бек пред три години и остана сè до пензионирањето ова лето на 41 година. Играше за минимална плата и им помогна да се вратат во Ла Лига после 24 години. Погледнете ја оваа страст полна со љубов.