Чеди Осман со кош во последна секунда ги шокираше ПАО и Жељко

По разни перипетии, по многу параметри најдобриот кошаркар на Панатинаикос во изминатите две сезони, Чеди Осман не доби нов договор од Панатинаикос кој реши да го продава. Доби Турчинот роден во Охрид богата понуда од солунски ПАОК, ја прифати и се пресели во Солун. Синоќа го реши Панатинаикос во полуфинале на грчкиот Супер Куп игран во Перистери со кош во последна секунда за 84:82. На Жељко Обрадовиќ не му се веруваше што се случило.

Кај ПАОК Чеди Осман го заврши натпреварот со 18 поени и 6 скока. Маркус Фостер имаше 12 поени, 3 скока и 6 асистенции, центрите Кајл Александер 15 поени и Бен Мур 11 поени, 9 скока и по 2 украдени и изгубени топки. Плејмејкерите Брин Тајри (10 поени) и Ник Калатес (7 поени, 4 скока и 6 асистенции) исто имаа учинок во победата.

Кај Панатинаикос новиот плејмејкер Силван Франсиско уфрли 20 поени со 3 скока и 7 асистенции.

Во другото полуфинале Олимпијакос со 93-80 го совлада АЕК и вечерва (недела) од 19 часот во големото финале на грчкиот Супер Куп ќе играат Олимпијакос - ПАОК.

27 септември 2026 - 10:24