Страшен гол од корнер на Расинг против Бока, па луд пресврт со хет-трик со глава

Во Купот на Аргентина Расинг Клуб и Бока Јуниорс одиграа страшен натпревар со 5 гола. Легендарниот Еквадорец Енер Валенсија постигна хет-трик за Бока која славеше 2-3, но големи почести одат и кај Гастон Лодико кој во 19' минута го отвори резултатот со чудесија од гол од корнер.

А најјако на видеото е што еден навивач на Расинг му вика на Лодико „Во гол, во гол“: 

А 36-годишниот Еквадорец Енер Валенсија кој изминатово лето на 18-ти август дебитираше за Бока, синоќа влезе во игра во 56' минута наместо Веласко и од 72-ра минута до 90+5' постигна хет-трик за целосен пресврт на Бока која губеше 2-0 и победи 2-3. 

1-2

2-2:

2-3:

28 септември 2026 - 09:51