На крајот од април 2024-та сфатија дека можат да играат фудбал. Претседателот на сојузот кој го работи исклучиво тоа што му е во описот на работата направил три клучни потези.
Во новото издание на Лига на нации Грците прво ја совладаа Србија 1-2 во Белград, а во неделата вечер направија и сензација откако со 0-1 ја урнаа Германија на Јирген Клоп на гости.
Во процесот на раѓање прав фудбал во Грција, сензационалниот европски шампион од 2004-та година, нема случајности.

И не, не се раѓале талентирани деца само од Солун до Атина, од престолнината до Хања и Ретимна... Некој морал тој талент да го воочи, да го избруси, да го негува, да вложи во него... А морал и да го примети (неколку пати) и надвор од границата на матицата.
Има во оваа приказна многу „мали“ луѓе чии имиња нема да бидат споменати ниту ќе се паметат, но кои се делови, типли или шрафови во новиот систем кој мора да се пофали.
Систем чии заштитни лица се претседателот на фудбалскиот сојуз на Грција Макис Гагацис и српскиот Грк или грчкиот Србин Иван Јовановиќ кого првиот човек на сојузот Гагацис во август 2024-та, само два месеци откако стана претседател, го постави за селектор.

Но можеби еден ден ако оваа генерација (или некоја најдоаѓачка) станат сериозен фактор во европскиот фудбал, како референтна точка нема да се зема датумот кога се промовирани Гагацис и Јовановиќ, туку 22-ри април истата 2024-та година.
Тогаш талентираните деца на Олимпијакос ја покорија Европа и ја освоија младинската Лига на шампиони. Многу од тие деца кои ги размонтираа младинците на Милан со 3:0 се изгубиле, но сфаќањето дека Грците се способно да доминираат на младинско ниво, им ги отворило чакрите, иницирало промена на фудбалскиот идентитет на традиционално дефанзивни, неталентирани фудбалски спартанци.
Клупски успеси, системски промени во работата со младите, менување на стилот и ДНК-то. Грците почнаа да планираат и да делуваат, да сфаќаат дека фудбалскиот ум, техника и брзина (носење одлуки) сепак царуваат.
И фудбалските академии на најголемите како Олимпијакос, ПАОК и Панатинаикос почнале да го менуваат пристапот во работата, а истите тие клубови да бележат рекордни продажби, зошто создале производ кој го сакаат поголемите и побогати европски клубови.
„БЕБИЊАТА НА ЈОВАНОВИЌ“
На Иван Јовановиќ, Србинот кој повеќе од 20 години работи во Грција и на Кипар, не му избегале од вид ниту домашните суперталенти ниту грчките деца од дијаспората.
Фудбалерот Христос Зафирис е пораснат во Норвешка но ја избрал Грција а клучен улов на Хелените беше Константинос Карецас (18), дете на Генк, родено и растено во Белгија. И со 15 години се гледаше дека Карецас е чудо околу кое Грција би морала да го гради тимот.
Селекторот Јовановиќ, спортскиот директор на репрезентацијата Василис Торосидис и директорот Димитир Пападопулос спремале терен за Карецас да ја одбере Грција.

„Селекторот Јовановиќ беше главна причина што Карецас ја одбра Грција, Клучен беше начинот на кој му пријде на играчот и разговараше со него. Му објасни која ќе биде неговата улога во државниот тим“, вели Димитрис Томарас, новинар на грчката Газета за белградски Моцарт Спорт.
Карецас кој сега има 18 години, летово потпиша за Борусија Дортмунд во трансфер вреден 30.000.000 евра, а во истиот клуб му стигна и одличниот репрезентативен колега Јанис Константелијас (23) кој за 26.000.000 евра стана рекордна продажба во историјата на ПАОК.
Само летово 5 грчки фудбалски таленти беа продадени во вредност од 135.000.000 евра.
Бисерите се разиграа во Бундеслига, заличија на тандем од соништата, но набрзо ги стигна пех: Константелијас ги повреди предните вкрстени лигаменти на коленото, а Константелијас имаше некои вртоглавици во натпревар од Лига на шампиони па мораше да излезе од игра. Сепак се врати во одлична форма и беше дел од историската победа на Грција среде Германија 0-1.

Но напаѓачкиот арсенал на Грција кои пристигна на Маракана делува импозантно. Предводник на грчката мешавина на младост и искуство на селекторот Јовановиќ е искусниот Вангелис Павлидис кој не престанува да решета за Бенфика, Анастасиос Дувикас блеска во дресот на Комо, а вториот најскап грчки играч на сите времиња Хараламбос Костулас (од Олимпијакос отиде во Брајтон за 35.000.000 евра) станува фактор во Премиер лигата, фактор кој со 3:0 го растури шампионот Арсенал.
А кога сме веќе кај „топџиите“, за нив летово потпиша најдобриот фудбалер на белгиското првенство лани, младиот 21-годишен Христос Цолис за кого Клуб Бриж заработи страшни 40.000.000 евра. Левокрилниот напаѓач одлично ја отвори сеозната и се наметна како стартер кај Микел Артета.

Најголемиот талент кој сега ја краси Грција е искован во црно-белиот дел на Солун и на црвено-белата пирејска палета. ПАОК за репрезентација ги калибрираше врвните таленти Константелијас, Кулијеракис (летово направи голем трансфер од Волфсбург во Рома), Цолис и Стефанос Цимас (напаѓач на Брајтон кој има голем талент).
Олимпијакос за репрезентација ги избруси Костулас и Христос Музакитис кои освоија младинска Лига на шампиони, како и сјајниот голман Константинос Цолакис кого Хал Сити го плати 20.000.000 евра од Олимпијакос.
Сета оваа потентна младост која Грција ја поседува, Иван Јовановиќ ја измешал со искусните „њушки“ како Одисејас Влаходмиос, Костас Цимикас, Константинос Мавропанос, Јоргос Кирјакопулос и Јоргос Матсурас.

А кога толку простор ќе им дадете на деца, мора со нив „да прележите и детски болести“. Така Грција извиси за Светското првенство во САД во група со Данска, Шкотска и Белорусија, но работата на Јовановиќ не беше загрозена. Зошто неговите „бебиња“ за сега мораат да растат со неговото фудбалско воспитание.
ПРЕТСЕДАТЕЛ КОЈ РАБОТИ САМО СВОЈА РАБОТА
🚨 OFFICIAL 🚨
— Hellas Football (@HellasFooty) June 6, 2024
Makis Gagatsis is the new president of the Greek Football Federation. The deadline for submitting candidates was today, & with nobody else applying, Gagatsis takes charge. He will also start to look for a new permanent manager for the Ethniki.#EPO #Greece #SLGR pic.twitter.com/Wa9TvnSuCM
Што би рекле Англичаните: 'Last but not least'. Стигнавме и до претседателот кој во двегодишниот мандат покажал дека нема никаква намера да се меша во работите кои не му стојат во опис на работното место, туку дека целта му е, на сенаторите под себе да им подарди најдобри можни услови за работа и развој.
Макис Гагацис е човек со кого почнале иновациите. Откако во јуни 2024-та станал главен командант, Грција почна да расни - структурално, ифраструктурно и квалитативно.
Прв авторитетен потег му бил поставувањето на Иван Јовановиќ за селектор. Му дал на искусниот стратег четиригодишен договор, доверба, простор за работа, а со тоа го вратил и мирот и го оживеал култот на репрезентација.

Втор потег - купување тренинг центар во Пајанија, 40-ина километри од Атина, за 21.500.000 евра од кои средствата од ФИФА и УЕФА покриле дури 18.500.000 евра. Грција до септември минатата година била „фудбалски бездомник“ но во меѓувреме добила свој фудбалски модерен дом, како оној што го има Србија во Стара Пазова.
„Репрезентацијата е наше фудбалско семејство. Секој од нас, без оглед на колективни преференции, е нејзин член. Како што не постои семејство без дом, од првиот момент кога се појавив на претседателските избори, апострофирав дека пронаоѓање тренинг центар за репрезентацијата ќе биде наш најголем облог како администрација и дека мора да го добиеме“, рекол пред две години Гагацис и брзо го исполнил ветувањето.
Третиот потег му бил исто страшно важен: нормализација на домашните натпреварувања. Со години односите меѓу грчките великани беа многу турбулентни: но Гагацис се појавил како стабилизатор. Се фокусирал на легитимитетот и зголемување на регуларноста. Грција веќе нема апсолутна доминација на еден тим (читај: Олимпијакос) туку шампионите се менуваат од сезона во сезона. А враќањето на регуларноста и конкуренцијата ги разбиваат кочниците за развој на таленти.
Исто Гагацис ја разработил и соработката со УЕФА преку програмите HatTrick (пари од овој фонд директно се вложуваат во изградба и обнова на фудбалска инфраструктура) и Grow (им помага на националните сојузи да ја покренат работата на повисоко ниво во деловна, организациска и маркетиншки смисол).
Гагацис според делата работи исклучиво во интерес на сојузот со кој раководи, со самиот тим и репрезентацијата. „Јас ќе обезбедам оператива, логистика, кадри и стабилна база со цел новиот грчки бран да прерасне во цунами“.
Веројатно сега е кристално јасно дека ништо со грчкиот фудбалски раст не спаѓа во доменот случајност.