Голмански кикс и прекрасен лоб на Рамош

Во најинтересниот дуел на вечерта, Норвешка ја пречека Португалија. Гостите победија 1-2 без Кристијано Роналдо кој првпат после цели 18 години остана на клупата за резерви. Португалците славеа 1-2 со головите на Жоао Феликс и Гонсало Рамош кој постигна прекрасен погодок со лоб удар по кардинална грешка на норвешкиот голман. Халанд и другарите бараа израмнување, играа подобро но на крај изгубија.

28 септември 2026 - 08:57