Роналдо остана на клупа за резерви за Португалија после цели 18 години

Првпат уште од 2008-ма година Кристијано Роналдо не влезе во игра и остана резерва на клупата на Португалија на гостувањето кај Норвешка во Осло. Португалците победија 1-2 во 2. коло од Лига на нации.

Кристијано Роналдо последен пат во репрезентацијата на Португалија бил на клупа за резерви во 2008-ма година и натпреварот против Швајцарија на Европското 2008. Овој натпревар беше резултатски неважен за Португалците зошто обезбедија прво место во групата.

Иако Роналдо не влезе од клупа за резерви ни против Хрватска во 2024-та но тоа беше пријателска средба. Што се однесува до службените, официјални натпревари, сега првпат одседел на клупа за резерви цел натпревар уште од споменатиот натпревар против Швајцарија пред дури 6.678 дена!

Селекторот Жорже Жезус дури и го пушти на загревање Кристијано Роналдо на 20-ина минути пред крај но по голот на Рамош за 1-2 го врати на клупата.

По натпреварот сите репрезентативци на Португалија отидоа кај гостинските навивачи да прослават победа, добија големи аплаузи а Роналдо заминал во соблекувална без да се поздрави со навивачите кои допатувале до Осло.

„Само тој може да ви даде одговор на тоа прашање (зошто не се поздравил и си отишол во соблекувална). Факт е дека тоа што денес не играше не значи дека не сметам на него. Пред натпреварот му реков: 'Нема да почнеш од прва минута, но ќе те внесам во текот на натпреварот', но таков е фудбалот. Сметав дека нема потреба да се внесува напаѓач со карактеристики на Крис, но тоа не значи дека не може да биде прва опција за Данска“, рекол селекторот Жорж Жезус после мечот.

На прашањето дали ќе разговара со него за неговиот потег, Жезус вели:

„Секако, мроам да разговарам со него, но добро го познавам и секако, репрезентација е репрезентација, не е исто што и клуб, тука сме сите заедно, а тој е капитен... Во овој момент не можам да дадам конкретен одговор за тоа што тој мисли: тоа ќе можам дури по разговорот со него“, рекол селекторот.

Португалија после 2 натпревари во Групата 4 од А Лига има 6 бода после 2 победи. Данска е втора со 3 бода колку што има и третопласираната Норвешка. Велс е последен без бодови.

28 септември 2026 - 09:04