На крајот Ирците се појавија на терен во 2. коло од Лига на нации, на неутрален терен во Унгарија на стадионот во градот Дебрецен.
За време на интонирање на израелската химна спуштија глави, а на рацете носеа црн флор во знак на сеќавање на сите жртви во Палестина. Не се поздравија со израелските фудбалери на почеток, а на крај победија 3-0 со головите на Трој Парот во 13', Адам Ида во 16' и Џек Мојлан во 25' минута.

