Бока Јуниорс синоќа со гол во 90+5' минута на ветеранот Енер Валенсија се искачи на прво место и ја освои таа нејасна титула на полусезона. А на друг стадион во Розарио, навивачите на Сентрал славеа победа и титула но кога слушнаа вест од Буенос Аирес паднаа во очај.
Тикетот на колото за овој викенд го состави Драган Ѓоргиев, поранешниот член на германските клубови Мајнц и Падерборн и член на младинската репрезентација на Македонија.
Назначувањето на неафирмираниот Тито Виланова за тренер на гигант како Барселона, предизвика шок во фудбалскиот свет. Но кој е Виланова и дали тој всушност е еден од најзаслужните за успехот на Гвардиола?
Два натпревари во четири дена со кои Барселона ги загуби титулите од шпанската Примера и Лигата на шампиони, беа доволни за Пеп Гвардиола да ги заборави 13-те освоени трофеи и самиот да донесе одлука за завршување на најтрофејната ера во историјата на каталонскиот клуб. Новиот тренер на Барса е досегашниот заменик на Гвардиола, Тито Виланова.
Репрезентативецот на БиХ, Ведад Ибишевиќ оваа сезона во германската Бундеслига постигна 13 голови и тоа сите од внатрешноста на шестнаесетникот. Тој за германските медиуми ја откри тајната: „Јас секогаш знам дакде е голот и знам дека не мрда".
Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид ќе се сретнат во финалето на Лига Европа во Букурешт на 9. мај. Билбао на интересен натпревар го победи Спортинг со 3:1, а Атлетико Мадрид по втор пат славеше над Валенсија.
Екипата на Фени Индустри го декласираше МЗТ Скопје со високи 84:65 и се врати во игра за титулата, намалувајќи на 2:1 во финалната плејоф серија што се игра до четири добиени натпревари.
Светските обложувалници веќе ги објавија своите понуди за финалето од Лигата на шампиони каде Баерн Минхен е фаворит против Челси. Според обложувалниците, најголема е веројатноста дека натпреварот ќе заврши со резултатот 1:0.
Бразилецот Кака се најде во друштво на Лејди Гага и Џастин Бибер откако вчера тој стана првиот спортист кој доби 10 милиони Твитер следбеници. Помеѓу најпопуларните 20 спортисти твитерџии доминираат фудбалерите.
Баерн Минхен ќе биде домаќин на финалето од Лигата на шампиони, но на натпреварот против Челси тие освен предноста од домашниот терен, нема да имаат многу поголема поддршка од своите навивачи.
Вториот финалист во Лигата на шампиони беше одлучен по квалитетна фудбалска претстава со траење од 120 минути во чија завршница поуспешна беше екипата на Баерн која по изведувањето на пенали обезбеди финале на својот стадион во Минхен.
Јувентус минимално славеше на гостувањето кај Чезена, а Милан со играч повеќе во финишот ја победи Џенова со што разликата помеѓу двата тима остана на три поени.
Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Марјан Лазовски го објави списокот со 24-те кошаркари за стартот на подготовките за предолимпискиот турнир во Венецуела.
Привремениот тренер на Челси, Роберто Ди Матео кој за малку наместо фудбалер ќе станел месар, го препороди тимот и го одведе до финалето на Лигата на шампиони и ФА купот со што дефинитивно ја заслужи довербата од Роман Абрамович.
Оваа година на тенисерката Каролина Возњацки воопшто не и оди, па реши да се проба и во пеењето. Што е полошо? Нејзината форма на тениските терени или нејзината песна?