Offside

Фудбалот е секогаш многу повеќе од она што се случува на теренот. За некого соништата почнуваат надвор од него.

Најдобрите голови од изминатата недела

Уживајте во најдобрите 10 голови од целиот свет за изминатите 7 дена, меѓу кои се мајсториите на Трезеге, Бензема, Кака, Видал, Валенсија, Роналдо...

Балетаните од Арсенал

Арсен Венгер тврди дека неговата екипа го игра можеби најелегантиот и грациозен фудбал во Англија, а тоа најверојатно се должи на фактот што во слободно време фудбалерите на Арсенал вежбаат балет.

Тикет на колото од Остоја Стјепановиќ

Оваа недела за вас типува фудбалерот од средниот ред на ФК Вардар, Остоја Стјепановиќ кој со своето интернационално искуство ќе ни помогне да го составиме добитниот тикет на колото.

Пораз на стартот. Унгарија - Македонија 28:26

Македонските ракометари не ги искористија исклучувањата на противникот и направија премногу грешки по што следеше старт на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Лондон со пораз од Унгарија со 28:26.

Нема жени, нема Олимписки игри

На Саудиска Арабија и се заканува забрана за учество на Олимписките игри во Лондон затоа што во својата делегација не планираат да вклучат спортистки.

Лејкерс нема да ја освојат титулата оваа сезона

Податок кој ќе ги загрижи сите фанови на ЛА Лејкерс. Статистиките велат дека тие нема да ја освојат титулата оваа година затоа што Коби шутира со 2,3% послаба реализација од неговиот просек.

Ти на мене црвен картон

Бразилски фудбалер претепа судија по што наместо во соблекувална, беше директно испратен во ќелија.

Лондон виа Гетеборг

За прв пат во историјата на македонскиот спорт, нашата држава на Олимписките игри наместо со спортисти кои можата да се пребројат на една рака, има шанса да биде претставена од многубројна делегација. Визата за Лондон уште овој викенд преку Гетеборг можат да ја извадат ракометарите.

Шпанците го кројат европскиот фудбал

По Барселона и Реал Мадрид кои се пласираа во полуфиналето од Лигата на шампиони, во истата фаза од Лига Европа се пласираа уште три екипи во Шпанија. Освен Атлетико, Валенсија и Билбао, во полуфиналето ќе игра и португалскиот Спортинг.

Штета што го продадоа Величе

Ипсвич Таун, поранешниот клуб на нашиот репрезентативец ги промовира новите дресови. Баш штета што го продадоа Величе Шумуликоски. Одлично ќе одговараше за оваа реклама.

Голман снајперист

Да им дадеш на Меси или Роналдо да шутираат во камерата „пајак" над теренот, гарант нема да погодат ни од 10 обиди. Голманот Али Касиф од екипата на Ал Џазира за време на натпревар од азиската Лига на шампиони успеа да ја погоди и тоа два пати.

Пеп Гвардиола е најдобар тренер на светот

Според рангирањето кое е базирано на остварувањата во изминатите 52 недели, а се анализирани резултатите на 12.000 натпревари, моментално најдобар фудбалски тренер е кормиларот на Барселона, Пеп Гвардиола. Веднаш зад него се Жозе Мурињо и Алекс Фергусон.

Сам свој забар

Фудбалерот на АПОЕЛ, Пауло Жорже на натпреварот против Реал Мадрид по судар со свој соиграч загуби два заба, а потоа покрај аут линијата сам си извади уште еден.

Фејсбук го издаде судијата „гробар“

Судијата кој досуди два црвени картони за Војводина и пенал за Партизан, по што домаќините од 0:1 направија пресврт и победија со 4:1, е член на навивачката група Гробари.

Грифин - Гасол 2:0

Лејкерси го добија градското дерби против Клиперс, но дуелот помеѓу Грифин и Гасол му припадна на еден од најдобрите забивачи во НБА лигата.

Барселона-Милан анализа на читатели

Изреволтиран од случувањата и реакциите по натпреварот помеѓу Барселона и Милан, сакам да дадам едно мое видување (поткрепено со факти) на последната ситуација, а и на неколку контроверзни ситуации пред неа.

Баерн-Реал и Челси-Барса во полуфиналето на ЛШ

Челси и Реал Мадрид се последните полуфиналисти од Лигата на шампиони. Челси се намачи против десетмина фудбалери на Бенфика, а АПОЕЛ се збогуваше со пет примени, но и два дадени гола против Реал Мадрид.

Рекордните 37 додавања на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед постави рекорд од 37 додавања пред постигнувањето на голот на Ешли Јанг. Погледнете како се одвиваше целата акција пред вториот гол при победата од 0:2 над Блекбурн.

Португалија ја исфрли Франција од фудбалската петорка

Покрај англиската Премиер лига, шпанската Примера, германската Бундеслига и италијанската Серија А, помеѓу најдобрите пет лиги во Европа повеќе не е француската, туку лигата на Португалија.

Нема сезона без контроверзија на Барса во ЛШ

Не стивнуваат реакциите по синоќешниот натпревар помеѓу Барселона и Милан, а посебно за спорната одлука на судијата Бјерн Киперс за вториот пенал кој го реши натпреварот. Но ова не е прв контроверзен натпревар на Барселона во Лигата на шампиони.

Кошаркар постигна 113 поени на еден натпревар

Либански кошаркар кој цела сезона имал просек од 7,6 поени, на еден натпревар постигнал неверојатни 113 поени.

Малку поинаков голф

Никогаш не ја сфативме убавината на овој спорт, а посебно не ги сфативме „навивачите" што толку се палат покрај теренот, но ако голфот е ваков, тогаш сигурно ќе привлече повеќе публика.

Милан го колне судијата, Барса слави полуфинале

Екипата на Барселона го продолжи патот до одбрана на титулата во Лигата на шампиоин. Каталонците го победија Милан со 3:1 и обезбедија пласман во полуфиналето со помош на рекордерот Меси и неколку спорни судиски одлуки.