Заклучокот на анализата спроведена во Британија е дека платите на фудбалерите растат за 10 пати повеќе во однос на обичните работници. Но не сите фудбалери во Англија се толку среќни. Само платите на фудбалерите од Премиер лигата се покачиле за 1508%, додека на оние во пониските лиги за 518%.
Ако пред 15 години само 50% од целиот обрт на пари во фудбалските клубови одел за плати на фудбалерите, денес на оваа ставка одат дури 80% од буџетот.
Друг заклучок од оваа анализа е дека и покрај тоа што нивните плати се зголемиле за 186%, гледачите сега плаќаат 1000% повеќе за влезници.
Колку за споредба, навивачите на Арсенал за натпреварите од славната шампионска сезона во 1989-та година плаќале по 5 фунти за натпревар, а денес тие плаќаат по 51 фунта. Во тоа време посетителите на натпреварите на Ливерпул за една влезница плаќале по 4 фунти, а денес најефтината чини 45 фунти.