И покрај тоа што се работи за убав гест, напаѓачот на Барселона ги прекршил правилата според кои фудбалерите не смеат да праќаат никакви пораки за време на натпревар.
Давид Виља цели осум месеци беше надвор од терените заради повреда, а на своето враќање во дресот на Барселона тој постигна гол и го посвети на своето семејство.
Виља го соблече дресот и ја прикажа маичката на која над сликата од неговата сопруга и двете ќерки беше испишана пораката „невозможно без вас".
Тој заработи и жолт картон за соблекувањето на дресот, а сега ќе треба да плати и казна од две до три илјади евра.
Иста казна минатата година заработи и Лионел Меси кој со порака на својата маичка и го честиташе роденденот на својата мајка.