Вардар финансиски заостанува многу зад белорускиот шампион, но на терен се покажа дека таа разлика не е преголема и со малку повеќе среќа во последните минути од првата средба, нашиот шампион можеби сега ќе беше на местото на БАТЕ Борисов.
По елиминацијата на Вардар, белорускиот клуб го елиминираше и унгарски Дебрецин, а синоќа со 2:0 славеше и над израелски Ирони Кирјат Шмона во плеј-оф квалификациското коло и се наоѓа на чекор до пласман во групната фаза од Лигата на шампиони.
Вардар долго ќе жали за оваа пропуштена шанса, посебно ако се видат финансиските придобивки. Математикате е следна:
- За пласман во квалификациите секој клуб доби 200.000 евра
- За пласман во последното плеј-оф коло се добива 2,1 милиони евра
- За пласман во групната фаза се добиваат 8,6 милиони евра
- За секоја победа се добива 1 милион, а за секое реми по 500.000 евра
Тоа значи дека доколку Вардар се пласираше во групната фаза од Лигата на шампиони и таму и да ги изгубеше сите шест натпревари, ќе имаше загарантирани 10,9 милиони евра.
На крајот од сезоната УЕФА ги распределува средствата и од ТВ правата во зависност од пласманот и „звучноста" на клубот и неговите противници, па и од тука Вардар ќе добиеше барем уште едно милионче.
Ако на ова сума ги додадеме и парите од влезниците за натпреварите, продадени дресови и други навивачки реквизити, пари од други спонзори кои лесно ќе се привлечат со пласман во ЛШ... можеме едноставно да заклучиме дека ФК Вардар ова лето можеше да заработи барем колку за 13 годишни буџети на клубот.
Вака, Вардар заработи само 200.000 за учество и 140.000 евра како утеха за елиминацијата.