Најевтиниот сезонски билет за домашните натпревари на Виган чини 325 фунти, а доколку навивачот сака да оди и на гостувања ќе треба да издвои уште 646 фунти за влезниците и 781 фунти за трошоците за патување. Доколку на секој натпревар си дозволи да испие еден чај, да изеде парче пита и да си купи меч-програма, навивачот на Виган ќе потроши 126 фунти, а клупскиот дрес ќе го чини 40 фунти.
Вкупно, навивач на Виган ќе потроши 1.918 фунти (146.670 денари) за сите натпревари од цела сезона што е најевтино во цела лига.
Следни се ВБА (2.008 фунти), Астон Вила (2.080 фунти), Стоук Сити (2.086 фунти) и Свонси (2.119), а навивачите на актуелниот шампион Манчестер Сити за сите натпревари на својот клуб треба да издвојат 2.213 фунти.
Сезонска влезница за Арсенал чини 1.470 фунти, гостувањата чинат 646 фунти за влезници и 1.112 фунти за патни трошоци, клупскиот дрес чини 45 и останатите трошоци изнесуваат 171 фунта, што значи дека навивач на Арсенал за да ги следи сите натпревари на својот клуб ќе треба да потроши 3.444 фунти (263.360 денари).
Зад нив се навивачите на Тотенхем, Челси и Њукасл, а Ливерпул и Манчестер Јунајтед се на 11-та и 12-та позиција.
Навивачки трошоци:
1. Арсенал 3.444 фунти
2. Тотенхем 3.366
3. Челси 3.008
4. Њукасл 2.879
5. Вест Хем 2.865
6. Фулам 2.794
7. Сандерленд 2.787
8. Норич 2.783
9. Саутемптон 2.760
10. Ридинг 2.479
11. Ливерпул 2.446
12. Манчестер Јунајтед 2.340
13. Еветрон 2.260
14. КПР 2.239
15. Манчестер Сити 2.213
16. Свонси 2.119
17. Стоук 2.086
18. Астон Вила 2.080
19. ВБА 2.008
20. Виган 1.918 фунти