Првиот „Ел Класико" дуел ќе се одигра во четврток со почетокт од 22:30 часот кога Барселона и Реал Мадрид на Камп Ноу ќе се сретнат на првиот натпревар од шпанскиот Суперкуп.
Минатата сезона кога овие две екипи се сретнаа во Суперкупот, Мурињо му брцна прст во око на тогашниот асистент, а сега прв тренер на Барселона, Тито Виланова, но овој пат тој не сакаше да говори за тој случај.
„Не се работи за Пеп или Тито. За мене тоа е Барселона. Не верувам дека нешто е променето во тимот. Тоа и натаму е Барселона која сите ја знаеме: квалитетна екипа со многу сјајни играчи", изјави Мурињо.
Според Мурињо, ова натпреварување е најмалку важно од четирите трофеи не кои атакува Реал Мадрид оваа сезона.
„Ако пораз во Суперкупот е мотивација за освојување на лигата, јас веднаш ќе потпишам. Суперкупот е најмалку важно натпреварување од сите на кои ќе настапиме оваа сезона, но тоа не значи дека не сакаме да го освоиме исто како и нашите ривали", додаде Мурињо.