А сега невестата ќе ја фрла бакљата

Љубовта кон клубот секогаш е на прво место, па дури и на најважниот ден во животот. Младенци од Босна и Херцеговина заедно со сватовите на денот на нивната свадба посетија и фудбалски натпревар.

Младоженецот е член на Шкрипари, навивачката група на Широки Брег и тој не можел да си дозволи да пропушти натпревар дури ни на денот на својата свадба, па ја однел невестата и дел од гостите на натпреварот против Радник.

Неговиот омилен клуб не му ја расипа свадбата и победи со 2:0.

23 август 2012 - 09:35