Пеле: Не ме знаат само на месечината

Бразилската фудбалска легенда повторно сака да е во центарот на вниманието. По кој знае кој пат си се испофали, а не ја пропушти шансата и да го искритикува Марадона, но и Лионел Меси.

Марадона и Пеле немале шанса да се сретнат на теренот, но тие редовно се во конфликт преку медиумите, а главна тема секако е дебатата за тоа кој е најдобар фудбалер на сите времиња.

Легендарниот Бразилец Пеле повторно не ја пропушти шансата да го искритикува Марадона, но и да го пофали неговиот сонародник, Нејмар.

Но проблемот е што Пеле е познат по тоа што секоја негова прогноза е промашена, па затоа Нејмар треба да биде загрижен.

Марадона беше одличен фудбалер, но ја користеше само левата нога. Меси малку потсетува на него во тој поглед. Нејмар има потенцијал да ги надмине затоа што тој е комплетен играч. Тој е исклучитенел играч. но понекогаш покажува дека не е зрел да ја преземе одговорноста. Дефинитивно е способен да го стори тоа", изјави Пеле.

Секако Пеле нема да биде Пеле, ако и самиот не си се испофали.

Денес играчите ќе пратат бакнеж преку камера и тоа ќе се појави во целиот свет. Во мое време моравме да играме во секоја земја за да станеме познати. Тоа не ми успеа само на месечината затоа што само таму не сум играл фудбал", додаде Бразилецот.

21 август 2012 - 22:14