Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Голмански гол од 75 метри

Голманот Доминик Нидерхозер од швајцарскиот нисколигаш Дарданија од Лозана успеа да го лобува својот колега од спротивниот табор од полу-волеј удар од 75 метри.

Кутрата мажоретка

Американскиот колеџ рагби е многу интересен спорт. Пред некој ден еден рагбист си истрча 50 метри во погрешна насока, а синоќа настрада и една мажоретка.

Терорист освои 14 параолимписки медали

Шпанецот Себастијан Родригес Велосо кој на Параолимписките игри во Лондон освои два медали или вкупно 14 на три Параолимпијади, во 1985-та година бил осуден на 84 години затвор за бомбашки напади и убиство.

Барса подобра од Валенсија, конечно победи и Реал

Барселона ја забележа и третата победа во серија откако минимално ја совлада Валенсија и ја одржа предноста од пет поени пред Реал Мадрид чии фудбалери ја прославија првата победа по три одиграни кола.

Рома и Јувентус убедливи на гости

Во дербито на второто коло на италијанската Серија А, Рома славеше на гостувањето кај Интер, а победа на гостински терен забележа и Јувентус кој триумфираше со високи 1:4 во Удине.

Најлош старт на Ливерпул, Ван Перси го спаси Јунајтед

Со првенците на Подолски и Казорла, екипата на Арсенал ја прослави првата победа оваа сезона, а Ливерпул го забележа најлошиот старт во последните 50 години. Робин ван Перси постигна хет-трик и повторно беше херој на Манчестер Јунајтед на гостувањето кај Саутемптон.

Хаос на стартот во Белгија

Формула 1 трката во Спа беше одбележана со победата на Џенсон Батон од Мекларен, но и големиот инцидент на стартот по кој настрадаа Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо.

Хет-трик на Пацини за прва победа на Милан

Милан ја забележа првата победа во второто коло од новата сезона благодарение на трите погодоци на новото засилување Џампаоло Пацини на гостувањето кај Болоња.

Фалкао го понижи европскиот шампион

Челси доби лекција по фудбал од освојувачот на Лига Европа, а Радамел Фалкао постигна хет-трик за едно полувреме и беше најзаслужен за победата од 4:1 со што Атлетико Мадрид го освои европскиот Суперкуп.

Злато и светски рекорд за Наковска-Бикова

Оливера Наковска-Бикова го освои златниот медал на Параолимписките игри во Лондон во стрелаштво со воздушен пиштол на 10 метри, а во квалификациите успеа да го сруши и светскиот рекорд.

Двајца Македонци на најтешката трка на светот

Денес започнува најтешката трка на светот - планинарскиот ултра маратон со должина од 160км кој по јубилеен 10ти пат ќе се одвива околу Мон Блан.

Барселона ќе ја врати круната од Лигата на шампиони

Европскиот шампион од сезоната 2010/11 е фаворит на кладилниците за освојување на титулата во Лигата на шампиони, а нивниот коефициент уште повеќе се намали откако беа извлечени групите и Барселона доби многу полесни противници од вториот фаворит Реал Мадрид.

Киксот на Реина

Голманите секогаш имаат најтешка задача. 90 минути ќе бранат одлично, но ќе направат една грешка и по тоа ќе ги памтат. Пепе Реина е квалитетен голман, но често знае да направи и по некој кикс, а еден таков имаше и синоќа.

Верверичка на УС опен

Зачестија животните на спортските терени. Вчера го имавме кучето Шарко на фудбалски натпревар, а денес и верверичката Ципирипи влета на терен за време на тениски натпревар на отвореното првентсво во САД.

Челси-Јуве и Реал-Сити на стартот

Познат е и распоредот на натпревари од групната фаза во Лигата на шампионите. Веднаш на стартот на новата сезона ќе гледаме два интересни дуели помеѓу Челси и Јувентус, како и Реал Мадрид против Манчестер Сити.

Во погрешна насока

Можно ли е? Истрча преку 50 метри во погрешна насока, а другиве па трчаа по него за да го соборат. Среќа што новата сезона само што започна, па Андре Паркер од Кент Стејт ќе има доволно време да ги научи страните од теренот.

Андрес Иниеста е најдобар во Европа

Во конкуренција со Лионел Меси и Кристијано Роналдо, Шпанецот Андрес Иниеста е избран за најдобар фудбалер во Европа.

Реал, Сити и Борусија во иста група

Извлечени се групите за новата сезона од Лигата на шампиони. Ако за некоја група може да се употреби терминот „група на смртта", тоа сигурно е групата Д во која се шампионите на Шпанија, Англија, Германија и Холандија.

„Голчиште“ за збогум

Магнус Ериксон го одигра последниот натпревар за Атвидаберг пред неговиот трансфер во белгиски Генк и имаше збогување од соништата и тоа со прекрасен гол во последната минута со кој го спаси својот тим од пораз.

Шарко - прв стрелец на Евертон

Тренерот на Евертон, Дејвид Мојс пред почетокот на куп натпреварот против Лејтон Ориент на загревање го испрати и Шарко, кој и покрај тоа што ги докажа своите голгетерски способности, не доби шанса да заигра на натпреварот кој Евертон го доби со 5:0.

Дивите тигри од Данска дебитираат во Лигата на шампиони

Лигата на шампиони не е приватна забава на фудбалски гиганти со големи стадиони и богата историја. Тоа го докажа и поранешниот клуб на нашите Џевдет Шаиноски и Бајрам Фетаи, малиот дански клуб Нордсјеланд кој со добра организација и развој на млади фудбалери стигна до европската елита.

Давид и Голијат

195 сантиметри и 105 килограми против 167 сантиметри и 80 килограми. Каде со тој памет бе мали?

Роналдо и Меси се избегнаа

Кристијано Роналдо и Лионел Меси постојано преку медиумите изјавуваат колку си се почитуваат, но на теренот тоа не е така. Ривалството помеѓу двајцата најдобри фудбалери во Шпанија е толку големо што тие се избегнаа при поздравувањето по завршувањето на реваншот од шпанскиот Суперкуп.

Супершампионот Реал Мадрид

Жозе Мурињо го доби трофејот кој му недостасуваше од Шпанија. Актуелниот шампион го освои и шпанскиот Суперкуп откако на реваншот на Сантјаго Бернабеу ја совладаа Барселона со 2:1.