
Рома предводена од Зденек Земан ја забележа првата победа во второто коло од италијанската Серија А и тоа на гостувањето кај Интер.
Гостите го надиграа Интер и поведоа во 15-та минута со голот на Флоренци, а домаќините пред паузата израмнија со среќниот погодок на Касано.
Водството со уште еден прекрасен погодок го врати Пабло Освалдо по асистенција на Тоти, а победата ја завери Марињо на седум минути пред крајот на натпреварот.
Јувентус го искористи престрогото исклучување на голманот на Удинезе уште во 12-та минута славеше убедливо на гостувањето во Удине.
На полувремето Јувентус веќе водеше со 0:2 со головите на Видал од Пенал и Вучиниќ, а во вториот дел два гола постигна Џовинко. Почесниот погодок за Удинезе го постигна Лазари.
Важни победи во второто коло забележаа и Лацио и Наполи. Лацио го совлада Палермо со 3:0, а Наполи славеше против Фиорентина со 2:1.
СЕРИЈА А, 2. коло
сабота:
Торино - Пескара 3:0 (1:0)
Згриња 34, Бриги 59, Бијанки 63
Болоња - Милан 1:3 (1:1)
Диаманти 40п - Пацини 16п, 77, 85
недела:
Удинезе – Јувентус 1:4 (0:2)
Лазари 78 - Видал 14 пен, Вучиниќ 45+1, Џовинко 53, 71
Интер – Рома 1:3 (1:1)
Касано 45+1 – Флоренци 15, Освалдо 67, Маркињо 81
Каљари – Аталанта 1:1 (0:0)
Екдал 90+1 - Денис 82
Катанија – Џенова 3:2 (0:1)
Бергесио 66, 68, Лоди 84 – Кучка 26, Јанковиќ 82
Лацио – Палермо 3:0 (1:0)
Клосе 39, 82, Кандрева 56
Наполи – Фиорентина 2:1 (1:0)
Хамшик 55, Џемаили 75 – Јоветиќ 81