Хет-трик на Пацини за прва победа на Милан

Милан ја забележа првата победа во второто коло од новата сезона благодарение на трите погодоци на новото засилување Џампаоло Пацини на гостувањето кај Болоња.

Ибрахимовиќ и Касано си заминаа, Робињо и Пато се повредени, но Милан сега имаат нова ударна сила во нападот - Џампаоло Пацини.

Росоњерите поведоа преку новото засилување кој во 16-та минута од пенал го постигна својот прв гол во дресот на Милан. Тој беше задржан од Керубин во казненото поле и судијата не се двоумеше да досуди пенал и покрај тоа што повторените снимки покажаа дека имаше обострано влечење.

Во 42-та минута судијата повторно покажа на белата точка, но овој пат на спортивната страна. Ночерино го фаулираше Диаманти, а истиот фудбалер успешно го изведе и пеналот за 1:1 на полувремето.

Во 77-та минута Пацини ја искористи грешката на голманот Аглиарди по еден корнер и повторно го врати Милан во водство.

Истиот фудбалер во 85-та минута повторно се запиша во листата на стрлци. Тој го смени правецот на топката по ударот на Ночерино и го комплетираше својот хет-трик за првата победа на Милан во новата сезона.

СЕРИЈА А, 2. коло
сабота:
Торино - Пескара 3:0 (1:0)
Згриња 34, Бриги 59, Бијанки 63

Болоња - Милан 1:3 (1:1)
Диаманти 40п - Пацини 16п, 77, 85

недела:
Удинезе - Јувентус 18:00
Каљари - Аталанта 20:45
Катанија - Џенова 20:45
Интер - Рома 20:45
Лацио - Палермо 20:45
Наполи - Фиорентина 20:45
Парма - Киево 20:45
Сампдорија - Сиена 20:45

1 септември 2012 - 22:50