Роналдо и Меси се избегнаа

Кристијано Роналдо и Лионел Меси постојано преку медиумите изјавуваат колку си се почитуваат, но на теренот тоа не е така. Ривалството помеѓу двајцата најдобри фудбалери во Шпанија е толку големо што тие се избегнаа при поздравувањето по завршувањето на реваншот од шпанскиот Суперкуп.