Двајца Македонци на најтешката трка на светот

Денес започнува најтешката трка на светот - планинарскиот ултра маратон со должина од 160км кој по јубилеен 10ти пат ќе се одвива околу Мон Блан.

За прв пат во историјата на оваа трка ќе се појават и двајца Македонци. Наши претставници на овој ултра маратон се Трајче Панковски и Жикица Ивановски.

Неодамна тие беа учесници и на големиот маратон во Италија во Кортина Д'Ампецо каде Жикица Ивановски го освои 36-тото место од 600 учесници.

Поради неповолните услови маратонот околу Мон Блан беше малку изменет годинава.

Стартот на трката е денес на 31 Август во 19:00 часот од Шамони (Chamonix) на Мон Блан. Бројот на маратонци е ограничен на 2.300, а се очекува најбрзите да ја завршат трката за околу 20 часа, но на некои ќе им бидат потребни и до 45 часа.

31 август 2012 - 13:21