По титулата за најдобар фудбалер на Европското првенство, Андрес Иниеста го доби и признанието за најдобар фудбалер на континентот.
Во изборот учествуваа 32 фудбалери, а за нив гласаа новинари од 53 европски земји. Во најтесниот круг влегоа Андрес Иниеста, Лионел Меси и Кристијано Роналдо, а најмногу гласови од европските новинари доби Иниеста.
Во финалната рунда Андрес Иниеста доби 19, а Меси и Роналдо по 17 гласови.